Откриени 10-те најсовршени дестинации за патување во 2016-та
Со доаѓањето на пролетта желбите за патување се повеќе сè зголемуваат. Сонцето и убавото време влијаат позитивно врз луѓето, а тоа го потврдуваат последните научни истражувања на угледни професори од Харвард кои велат дека човекот во пролетните и летните денови многу повеќе размислува за патување и неговите мисли се насочени кон организирање на слободното време кон истражување на нови локации и одмор.
Токму поради тоа популарниот светски магазин за патувања Travel + Leisure како и секоја година, така и оваа, реши да ги сподели со своите читатели најдобрите дестинации за оваа година.
Пред да ги презентираме 10-те најдобри дестинации за 2016-та, ви препорачуваме од 14-ти до 16-ти април да го посетите Меѓународниот саем на туризам (Травел Маркет) кој се одржува на Скопски Саем и на лице место од 60-те директни и 120-те индиректни изложувачи меѓу кои има туристички агенции, хотели ширум светот и претставници од Србија, Косово, Турција, Грција, Белгија, Хрватска и Италија, да добиете идеја за следното патување.
Во продолжение ви ги откриваме 10-те дестинации кои ги предложија најпознатите светски туристички новинари, блогери и водичи:
1. Бокас дел Торо, Панамa
Овој популарен регион во Латинска Америка ги поседува едни од најдобрите природни убавини во светот: Густи тропски шуми, распространети савани, корални гребени, прекрасен воден свет и пријатни напуштени плажи. Бокас дел Торо е архипелаг создаден од девет острови и илјадници места за целосна изолација од човечкиот свет. Знаејќи го модерното брзо секојдневие и трката со времето, Бокас дел Торо е топ дестинацијата за оваа година.
2. Гвадалахара, Мексико
Гвадалахара е вториот најголем град во Мексико и истите важи за културната престолнина на оваа држава. Тој е исполнет со креативност, благодарение на џез сцената, познатиот меѓународен саем на книги, престижниот филмски фестивал и претставувањето на делата на визуелните артисти, а градот има мноштво музеи кои вреди да се посетат, почнувајќи од оној на Фрида Кало, па сè до универзитетскиот музеј. Туристичките водичи велат дека таму нема да ви биде досадно и секогаш ќе останете со подотворени усти од прекрасните работи кои ве очекуваат.
3. Риџмонд, Вирџинија
Третото место е вистинско изненадување на листата. Кога ќе се спомене САД, веднаш сите помислуваме на Њујорк, Лос Анџелес и Мајами, но сепак како дестинација која се предложува за 2016-та година од САД е главниот град на Вирџинија, кој изобилува со споменици од Граѓанската војна, карактеристична архитектура, интригирачки галерии, но и прекрасни ресторани со вкусна и разновидна храна. Тука може да се проба вистинската американска кујна, но и популарните кујни ширум светот. Најдобрите ресторани во градот нудат интересни јадења за сечиј вкус.
4. Лил, Франција
Уште едно изненадување по Ричмонд и САД, доаѓаме до Лил и Франција. Наместо Париз, Марсеј, Ница или пак Кан, најпопуларните новинари за патувања го предложија Лил. Со калдрмите, историските згради и доминантните музеи, Лил, кој се наоѓа на еден час од Париз, ги има сите работи за една посакувана туристичка дестинација. Во денешно време, со развојот на модата и уметноста, овој град постојано привлекува туристи. Овде може да пиете кафе во специјализирани продавници и да ги вкусите најдобрите специјалитети на куќата додека уживате во погледот кон плоштадот.
5. Иран
Со дури 19 градови прогласени за светско богатство од УНЕСКО и неверојатниот развој благодарение на нуклеарниот договор со Советот на ОН, Иран со право спаѓа на оваа листа, иако за многумина и 5-то место е големо изненадување. Сепак, Travel + Leisure не советуваат да го посетиме Техеран и ќе останеме вчудовидени од тоа колку се развил градот во последните години. Исто така, постојат многу културни знаменитости од модерниот Иран кои ќе ви докажат дека и тамошните жители се издигнале на завидно ниво.
6. Ланај, Хаваи
Некој за Ланај ќе каже конечно вистинско место за прекрасен одмор кое се најде на листата. Без сообраќај и само со една писта за авиони, Ланај е совршено прибежиште за мирен одмор. Сопственикот на островот уште од летото почнал со негово реновирање, па до пролет островот целосно ќе биде освежен и подготвен за нови гости, кои ќе може да уживаат во неверојатната природа.
7. Хангжу, Кина
За Кина барем поголемиот дел на Европа знае дека треба да се посети Пекинг, Кинескиот Ѕид и Хонг Конг. Сепак, тоа што не го знаете е дека веќе повеќе од еден милениум, уметници, поети, бизнисмени и истражувачи го посетуваат овој кинески град. Благодарение на корисниот пазар и технолошките индустрии, Хангжу е еден од најпросперитетните градови во оваа земја. Секогаш преполниот аеродром, сега веќе има писта за слетување на приватни авиони, а посетителите и жителите се особено задоволни од понудата на луксузните хотели и ресторани. Ако сакате да го почувствувате луксузот, ова е вашата дестинација!
8. Долина Доуро, Португалија
Португалија е земја која нуди неверојатна убавина. Она што е фасцинантно за Долина Доуро е тоа што ова е првиот официјално назначен вински регион во светот, кој привлекува луѓе не само поради виното, туку и поради неверојатните пејзажи. Низ целата година се организираат разни тури кои ве запознаваат со околината и ве воведуваат во срцето на долината. Поради тоа, доколку сакате вино отидете во Португалија, наместо во Франција.
9. Франкфурт, Германијa
На листата имаме и град кој е најблиску до нас и до него сме поврзани со директна авионска линија. Многумина мислат дека Франкфурт е град на банки и високи згради, но всушност градот има многу добри ресторани и ноќни барови кои нудат неверојатни забави. Соберете го вашето друштво и насочете се кон главната железничка, во чија близина се наоѓаат најдобрите ноќни клубови.
10. Асбури парк, Њу Џерси
Во песната „My City of Ruins“ Брус Спрингстин го опиша Асбури парк како градот на затворени прозорци и празни улици. Но, после тоа местото како да почна да живее, благодарение на бројните музички настани. Овде може да најдете продавници за секакви дребулии, но ви се пружи можност и да заиграте на некои флипери и да се навратите во детството.
Посетено 1.337 пати