Прирачник за мажественост
[fblike]
Другарството меѓу мажи е света и непробојна институција која треба да се почитува во секоја мера. Во продолжение, неколку правила што ќе ви појаснат како да бидете одличен другар.
1. Player 1 е оној што ја поседува конзолата, без исклучок.
2. Ако другар ти умре додека крева на бенч, стави повеќе тежина и после повикај полиција.
3. Седењето до шоферот е одговорност, не привилегија. Ако седиш напред, не си сопатник, туку ко-пилот.
4. Не омаловажувај другар за да импресионираш некого. Никогаш.
5. Кога ќе ти понудат пиво, прифати го без разлика дали пиеш такво или не. Омиленото пиво ти е „бесплатно“. Второто омилено ти е „ладно“.
6. Ако другар со камион ти помогне при селење, ќе возвратиш со полнење на резервоарот. Се прифаќа и частење пиво или пица.
7. Ако ти умре другар, избриши му ја интернет историјата.
8. Биди учтив со девојата на другар ти, но ако те праша што мислиш за неа, кажи му ја вистината.
9. Освен ако не е ептен гужва, треба да има простор од барем еден слободен писоар меѓу двајца. 10. Ако се ракувате со мал стисок, веднаш му покажувате на другиот дека е супериорен.
11. Ако ти и другар ти имате тројка со девојка, избегнувајте контакт со очи. Ако сепак случајно се погледнете, задолжително направете „да пукне“.
12. Сите ќеси од пазарење се носат во еден обид, без разлика колку ги има.
Посетено 1.427 пати