Француски “Dauphinoise” Компири

[fblike]

Француски Dauphinoise компири јадеме.мк
Ние ја имаме мусаката, а Французите ги имаат нивните познати Dauphinoise компири. Две јадења кои не се исти, но кои доста наликуваат едно на друго.
Состојки:
Компири – 1 кг.
Колбаси – 4
Шунка или пршута – 100 гр.
Јајца – 4
Битолска павлака – 200 мл.
Битолско млеко (3.2%) – 100 мл.
Сол – По вкус
Бибер – По вкус
Вегета – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Компирите сварете ги неизлупени или пак излупете ги и сварете ги во посолена вода. Во друг сад сварете ги јајцата, а колбасите варете ги неколку минути во врела вода.
Чекор 2:
Компирот и колбасите исечете ги на тенки кришки, а јајцата излупете ги и исечете ги исто така на кришки. Посолете и забиберете ги компирите, ставете им малку вегета и измешајте ги.
Чекор 3:
Намрсете со путер огноотпорен сад во кој потоа ќе наредите ред компири, па ред колбаси, ред исечени јајца. Истото повторете го уште еднаш, а потоа финиширајте со ред компири и парчиња шунка или пршута.
Чекор 4:
Изматете јајце, додајте му павлака и млеко и со таа смеса прелијте го јадењето. Печете на 180 степени околу 40 минути.
Повеќе рецепти на Jademe.mk
Посетено 1.460 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!