Лондон Добива Џиновски Тобоган
[fblike]
Необичната кула на Аниш Капур ќе биде претворена во затворен тобоган
Лондончани одлучиле дека е време нивниот Олимписки стадион
да стане уште позабавен и таа задача му ја довериле на архитектонското
студио Bblur кое кулата Орбит на познатиот британски
уметник од индиско потекло Аниш Капур,
делумно да ја”обликува”
Модерната скулптура ArcelorMittal Orbit (висока 115 метри), потпишана од страна на познатиот британски уметник Аниш Капур во соработка со дизајнерот Сесил Белмонд, е највисоката градба во Лондон, а можеби и во цела Велика Британија. Така тобоганот, чија “обвивка” е доверена на лондонското архитектонско студио Bblur, може да се пофали со импресивната висина. Две округли платформи на кулата ArcelorMittal Orbit кои се наоѓаат на самиот врв на височина од 76 и 80 метри, нудат поглед на целиот олимписки парк. Новиот затворен тобоган ќе започне на висина од 80 метри кој на пат кон дното петпати ротира во спирала. Брзината со која авантуристички расположените посетители ќе се спуштаат со тобоганот сќе достигне брзина од шест метри во секунда.
Посетено 1.030 пати