10 причини зошто да останеш со девојката која сака да патува

Постојат два типови на девојки, оние кои сакаат да патуваат и оние кои сакаат да седат во својот роден крај, да оформат семејство и да се посветат на него. Двата типа се добри, но оние првите девојки кои сакаат да патуваат, имаат некои предности кога станува збор за одлука со каква девојка ќе изберете да го делите животот.

10-pricini-zosto-da-ostanes-so-devojkata-koja-saka-da-patuva-1[fblike]

Ова се 10 причини зошто понекогаш е подобро да одберете девојка која сака да патува пред онаа девојка која ќе ви биде целосно посветена постојано.
1. Девојката која сака да патува трча по искуство, наместо по материјални вредности
Постојат девојки кои остануваат со нивните момчиња поради нивните пари, сакаат голема куќа, голем двор за нивните деца, балски невестински фустан и дебел новчаник, но не свој.
Девојката која сака да патува сака само да патува со свои пари, без тебе или со тебе, сеедно, важно и е да собере повеќе искуство, наместо пари.

2. Девојката која сака да патува си ја сака својата слобода и ти дава слобода
Таа знае колку една слобода на човек е важна па затоа никогаш нема да се осмели да ти ја забрани со било што.
Но, внимавај не смееш да и ја попречуваш ниту ти нејзината, во спротивно ќе те напушти и ќе замине на следно патување без дестинација.

3. Девојката која сака да патува те сака, но не си и потребен
Таа те сака, сака да си покрај неа, но не постојано.
Девојката која сака да патува е возрасна жена во духот и знае да се грижи самата за себе, таа е независна па затоа иако те сака, не секогаш си и потребен да и помогнеш во било што.

4. Девојката која сака да патува ќе го претвори домот во чувство
Девојките кои не сакаат да патуваат го претвораат домот во топол дом, но девојката која сака да патува ќе го претвори домот во чувство бидејќи тој постојано ќе ви недостига кога патувате, секако доколку одлучите да останете со девојката која не планира цел живот да остане дома.

5. Девојката која сака да патува шири познанства постојано
Таа има безброј познанства ширум светот бидејќи на патувањето запознаваш секакви личности, без разлика на пол или возраст, националност или сексуална ориентираност, се дружиш и знаеш дека секој за служува шанса за пријателство.
Затоа не чуди се и не забранувај и да се дружи со тој што се дружи, бидејќи во спротивно ќе престане да се дружи со тебе.

6. Девојката која сака да патува има храброст да превземе секаков предизвик
Таа нема да се плаши од никаков предизвик во животот и нема да ве тера да го превземете вие за неа, туку со храбро срце и насмевка ќе ги прифаќа предизвиците.

7. Девојката која сака да патува не обрнува многу внимание на другите луѓе
Таа има запознаено различни луѓе, култури и начини на живеење, па затоа знае дека секој си живее како што сака да си живее, едноставно не обрнува многу внимание на останатите луѓе околу неа и нивниот живот, бидејќи си има свој.

8. Девојката која сака да патува штом те одбрала значи си посебен
Доколку имаш шанса да останеш со девојката која сака да патува верувај дека си посебен, бидејќи штом таа те одбрала да бидеш нејзин сопатник во тебе гледа некој сличен на неа, не разочарувај ја нејзината проценка.

9. Девојката која сака да патува се менува постојано, а ти треба да го прифатиш тоа
Таа постојано се менува, расте, созрева и те тера и ти да го правиш истото покрај неа.
Со неа верувај никогаш нема да ти биде здодевно, затоа треба да останеш со девојката која сака да патува бидејќи ќе ја запознаваш одново и одново во деновите кога нема да личи на себеси.

10. Девојката која сака да патува ќе те научи како да го живееш животот денес
Наместо да планираш за иднина, девојката која сака да патува ќе те научи како да живееш денес, на непозната дестинација, во ново искуство, бидејќи кој знае дали ќе се разбудиш утре и ќе имаш шанса да го направиш она што си сакал да го направиш.

savatours-baner

Посетено 8.078 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!