Да Бев Машко, Ќе Те Фатев За Женска
Влагам у еден паб, газам како да го поседувам,
сите се гледаат, а има што да видат, нормално.
Девојките ми фрлаат погледи, штета што не сум машко, да бев веднаш ќе ми се закачеа спонзорушуите, па ќе ги откачев на начин на кој што не можат ни да си замислат.
Слушам вилици се кршат по подот, сигурно се на момците, стандард…
Газам така повторно, се движам накај шанк и седнувам, нога на нога, штикла висока 16 сантиметри, доволно долга за да му ја закачам у око на некој ако ми го преврти.
Нарачувам пивце, кога ми доаѓа една женска, наприцкана, настегана, топ девојчето, повторно зажалив што не сум машко.
Ми седнува до мене и ме прашува зошто сама.
Така сакам сама реков, која си ти?
Ми кажуваат низ град дека никој не можел да ти пријде, па си реков да пробам и да им кажам дека не е така.
Ја прашувам дали сака пивце, вика дека сака, започнавме да разговараме за животот, шанкерот фрли кикири, си крцкавме така кога забележав дека не е лошо девојчето за муабет.
Ме праша зошто сум била толку накурчена.
Одговорив дека сум накурчена за да им покажам на некои мажи дека имам ку* поголем од нивниот и на некои девојки дека иако имам ку* не можат да ми се закачат на него.
Единствено за кое што жалам поради таа накурченоста е тоа што немам вистински алат, да имав ќе те фатев за женска.
Ме погледна така зачудено, изгледа процесираше во главата информации кои ги слушна неочекувано кога по една минута и светна сијалицата.
Почна да се смее, ми пружи рака и ми вика браво девојче, ти си мој калибар.
Од тогаш заедно си излегуваме на пивце, таа сфати дека не секој е онаков каков што го прикажуваат неговите непријатели, а јас сфатив дека вистинските пријателства започнуваат на природен, откачен начин.
Што се случуваше во текот на нашето пријателство, ќе дознаете друг пат…
Посетено 5.248 пати