“Blue Balls”, што е тоа и зошто се случува овој феномен?

the-wolf-of-wall-street_majkatiitatkoti
Ајде да кажеме збор два и за blue balls (сленг термин за привремен застој на течноста во тестисите пропратена со болка, а предизвикана од долготраен сексуален однос без ејакулација). Голем дел од луѓето веруваат дека тоа е само мит, но сепак тоа е неверојатно вистинито.

Тоа е реален проблем со кој се соочуваат голем број на мажи ширум светот. Можеби толкму во овој момент, во светот, постојат најмалку две милијадри луѓе со blue balls. Тоа е како епидемија.

Ова е само шега. Не можеме да знаеме колку точно мажи во моментот страдаат од таа болка во тестисите. А, и не сакаме да знаеме сега кога подобро ќе размислиме за тоа.

Но, постои научно докажана причина зошто мажите го добиваат ова непријатно чувство и зошто тоа всушност се случува. Пред да навлеземе подлабоко во оваа проблематика, најдобро е да го дефинираме или да го опишеме ефектот на blue balls за оние на кои овој термин им е непознат.

Станува збор за непријатно и болно чувство кај мажите во регионот на тестисите кое се случува после долготраен сексуален однос без ејакулација.

Со други зборови, ова чувство е слично со чувството кое жените го имаат после секс во поголемиот дел дел од случаевите, само што разочарувањето е фокусирано на една специфична област.

Твитерџиите често коментираат на оваа тема:

When you feel like you have to sneeze but can’t, it’s like getting blue balls for your face

— Matt Bueckert (@mattbueckert) March 4, 2015

 

just got blue balls from the new avengers trailer.

— Chris Pizza Kitson (@ChrisKillUs) March 4, 2015

 

Кога сакате да кивнете, а не можете, лицето ви се претвора во blue balls

Само што добив blue balls од новите рекламни инсерти

Постои широка дебата околу третманот на оваа болка, што вклучува скоро се, од ладен туш па се до мануелна стимулација. Повеќето се согласуваат дека ејакулацијата е единственото практично решение за овој проблем.

Едноставно кажано, сексуалното исцелување навистина помага во овој случај.

Дури и после оргазам, можно е болката кај мажите да не исчезне целосно. Не грижете се. Ако ви се случи ова страшно чувство, утешете се дека ќе попушти за краток временски период.

А сега да објасниме зошто мажите понекогаш ја доживуваат оваа непријатност. Станува збор за епидидимална хипертензија, тоа е медицинскиот термин за blue balls.

Во суштина, откако мажот ќе се возбуди, крвта протекува во пенисот и скротумот. Притисокот станува се поголем во таа област се до ејакулацијата.

Покрај тоа, овој феномен предизвикува тестисите да добијат потемна боја, па оттаму доаѓа и секојдневниот назив за оваа состојба- blue balls.

Всушност, станува збор за вистински проблем, а тоа го потврдува и науката. Но, да не заборавиме и на страдањето на дамите, исто така.

Постојат докази дека само околу 70 % од жените доживуваат оргазам во текот на сексуалниот однос.

Можеби сето ова само ни укажува дека треба да посветиме поголемо внимание на потребите на нашите партнери, односно на нивните ментални, физички и емоционални потреби.

Посетено 6.070 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!