Шокирај ме, кажи ми нешто паметно!

sokiraj me

Постојат личности кои молчат, молчат и на крај кога ќе отворат уста…јадат само гомна бидејќи бурекот бил скап, а тие немаат пари да си го купат.

Да ми кажевте ќе ви дадев на заем, па ќе ми вратевте без камата или ништо немаше да мора да ми вратите, уживајте со колата сум.

Постојат и личности кои не знаат дека постои бурек, а како би јадел нешто што не знаеш дека постои, нели?

За таквите еве им една добра информација, кај нас во Битола има убав бурек кај Ајчо, сигурно имате слушнато за Ајчо, прекинете со гомната и наполнете ја устата со бурек.

Секако доколку во неа ви останало место од спермата со која секоја вечер ги плакните забите.

Не ми збори жити се, ми мирисаш на сперма, заплакни си ја устата и дојди да ми се обратиш после.

Знаете некои личности можат да ви го изгнасат мозокот со нивните гнасни мисли, само ако им дозволите.

Јас имам одбранбен механизам за таквите, се вика искреност.

Знам да направам контра реплика на навреда, но никогаш не сум успеала да склопам прва навреда.

Едноставно не ме интересираат животите на другите луѓе, зошто би ги плукала?

Ако ги плукам значи сакам да бидам како нив, а јас верувајте сакам да сум како мене, си се сакам себеси доволно за да не јадам гомна постојано.

Зошто устата да ми мириса на шит, кога може на искреност?

Ги заборавив и оние личности кои се грижат за сите освен за себе, таквите знаат понекогаш да те изненадат со нивните коментари и мислења кои ти ги упатуваат индиректно.

Но, зошто индиректно, кога може вака директно на мој начин, учете од мене, изненадувајте но, непријатно.

Кажете нешто што држи вода, наместо да држите ку* во рака и да кажувате глупави муабети.

Некаде прочитав дека паметните молчат, глупавите се најгласни.

Денес јас сум најгласна, но не сум глупава, ова моето се вика одбранбен механизам, секогаш ќе најдам изговор со кој ќе се оправдам за стореното, но изговор пред себеси, никогаш за сторена штета на друг.

Впрочем мразам да правам штета на нечија сметка, зошто штета кога можеш да ги научиш луѓето на нешто паметно на твоја сметка.

А јас не се грижам за мојата, верувајте далеку е од банкрот.

Секојдневно ме шокираат луѓе кои кажуваат глупави работи, мислејќи дека делуваат екстравагантно со селски речник.

Дај денес кажете нешто паметно, шокирајте ме ве молам!

Посетено 2.114 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!