Зошто жените бегаат од вас?

Жените имаат шестто сетило да намирисаат од кој маж треба да избегаат,
а од кој не, но ретко го употребуваат, па често грешат во проценката.
zosto-zenite-begaat-od-vas-1[fblike]
Но, доколку жените често бегаат од вас како да бегаат од чума сигурно може да ве намирисаат и без тоа шестто сетило кое им детектира опасност.
Ова се неколку проблеми поради кои жените можеби ве избегнуваат, а доколку се пронајдете веднаш елиминирајте ги кај себе.
Вие сте нарцис
Постојано кажувате колку се сакате себеси што жените се запрашуваат зарем може да сакате некој друг освен себеси?
Се однесувате некултурно
Не само што сте нарцис, туку и знаете да ги навредите луѓето околу вас со вашиот потценувачки став и некултурно однесување.
Запомнете никој не е вреден за потценување, секој си има свои квалитети, а жените мразат кога се во друштво на некој што потценува се живо и диво.
Мислите дека светот се врти околу вас
Епа грешите, светот се врти околу својата замислена оска…
Не знаете како да се однесувате, облекувате…
Постојано се фалите со парите, автомобилот, вашата облека која делува како да сте ја купиле од тезга во Шутка, сакате конфликти и докажување на машкост…епа жените не го сакаат тоа.
Имате репутација на женкар
Ова е најоправданата причина која не треба да ве засега бидејќи секој има право да излегува со кого сака и да не прифаќа сериозна врска.
Но, ете девојките не ги сакаат тие момци, па доколку сакате да задржите некоја до вас ќе треба добро да се потрудите да и докажете дека навистина ви значи.
Ги дискриминирате индиректно
Едноставно сте сексистички настроени кон жените и ги потценувате како пол со коментари од типот дека жената не треба да оди на работа, не треба да се облекува провокативно, не треба да излегува, жената не е способна за ова, она…
Но, сепак била способна да избега од вас, нели?
Вие сте СЕЉАК!
Постои огромна разлика помеѓу СЕЛАНЕЦ и СЕЉАК, да се разбериме!
Селанец е жител на помало населено место наречено село, а сељак е…ма нема потреба да се објаснува, девојките си знаат.
Свирење од автомобил, дофрлање коментари од типот маче да ти го за*ачам, ај да те повозам во Мерцедесот, сакаш виска?…
Момци, се пронајдовте?

jk banner grcija

Посетено 3.383 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!