Зошто јас сум човекот кој го заслужуваш, но не и човекот кој го сакаш во овој момент

Половина од вашиот животен век го поминувате барајќи ноколу и обидувајќи се да сфатите што е она што вие важно а што не, додека пак втората половина ја поминувате во пронаоѓање на вашата цел и стремење кон нејзино остварување.

tumblr_majkatiitatkoti

Колку подобро се разбирате, толку повеќе искуство носите со себе и животот кој го сакате станува појасен. Откако напорно учиме се повеќе и повеќе за самите себе во текот на животниот век, доаѓаме до точка на потполна јасност.

Доаѓаме до момент во животот кога знаеме што сакаме и знаеме што треба да направиме за да го оствариме истото.

Вие можете да бидете и најдобриот човек во светот, но тоа не значи и дека другите ќе ви го признаат и ќе го препознаат тоа.

Можеби вам ви е јасно што барате кај вашиот идеален партнер, но сепак не можете да успеете во потрагата бидејќи таа личност не е свесна за истото. Понекогаш, вие сте токму она што и е потребно на таа личност, но не и она што тој / таа го сака.

Заслужувате убава иднина, но вие повеќе сакате да пребарувате по минатото

Сеуште размислувате за вашиот поранешен партнер/ ка. Можеби тој/ таа лошо се одлесувал/ла кон вас. Можеби не сте биле добар пар. Можеби не сте биле доволно зрели за да успеете да ја задржите врската до крај. Не е важно која е причинате, важно е дека вие сте одлучиле да раскинете.

Не приврзувајте се за некој освен ако со целото ваше срце не сте сигурни дека го/ ја сакате. Во тој случај не се откажувајте. Во спротивно, продолжете со животот. Ве секој случај, не трошете го времето залудно.


Заслужувате да бидете во врска, но вие единствено ја сакате вашата слобода

Тешко е да се прифати дека две лица истовремено можат да бидат две сосема различни поединци и истовремено една единствена единка. Дури и ако теоретски го разбирате ова, сепак тешко е да се спроведе во практика.

Повеќето луѓе се колебаат помеѓу партнерот и сопствената слобода. Доколку вие заслужувате да бидете во љубовна врска, тогаш ќе морате да попуштите, да ја подарите својата слобода на личноста која ја сакате.


Заслужувате зрела личност, но сепак сакате да излегувате со дете

Заслужувате некој кој физички, ментално и финансиски секогаш ќе биде покрај вас. Сакате некој кој е искрен кога станува збор за неговите/ нејзините чувства.

Заслужувате некој кој нема да побегне при првиот проблем и нема да реагира имплусливно откако ќе го/ја надваладеат чувствата. Заслужувате некој кој знае што значи љубовна врска помеѓу возрасни. Но сепак, вие одите по оној/ онаа која/а нема цел во животот и не сфаќа колку неверојатна личност сте вие.


Заслужувате пријател, но вие сакате самотник

Секако, вашиот партнер е мистерија, а тоа знае да биде секси. А знаете што не е секси? Кога некој не сака да биде покрај вас бидејќи е премногу зафатен со сопствениот живот. Некој кој не сака да го дели животот со вас, бидејќи смета дека во неговиот живот нема доволно место за вас.

Ваквиот вид на личности знаат брзо да ве привлечат. Но, тие не се добри партнери. Никогаш не ви даваат доволно и прават постојано да сакате уште. Тие се најлошиот вид на завист.


Заслужувате љубов, но сакате драма

Луѓето често ги мешаат овие две работи. Љубовта најчесто е придружувана од драма. Драмата е возбудлива, а кога ќе ги помешата возбудата со љубовта тогаш се раѓа страст.

Како и да е, сепак постои разлика помеѓу драмата и љубовта, не мора да значи дека тие двете одат секогаш рака под рака. Добро е да има мала доза на драма во љубовната врска, бидејќи ако воопшто ја нема значи дека таа личност не ве сака искрено. Ако не знаете што е вистинска љубов, особено обратете внимание на ова. Останатото ќе си дојде само по себе.


Заслужувате партнер, но сакате пијавица

Заслужувате некој кој ќе ве придружува во секој ваш чекор, некој кој ќе биде ваш пријател, колега, ваш соучесник. Заслужувате личност која нема да се откаже од вас, која ќе ве мотивира кога тоа ви е потребно, некој кој ќе ја предводи битката за вас кога вие немате повеќе сила.

А сепак, се залетувате во личности од сосема спротивен тип. Во некој кој ве злоупотребува и искористува. Можеби сметате дека тоа што вие го правите за него/ неа е од љубов, но не е. Нема потреба само вие да страдате кога станува збор само за негова корист.


Заслужувате живот од соништата, а вие сакате да стапите во брак

Имате само еден живот. Имате само една шанса да го правите она што сакате да го правите и да живеете на начин на кој посакувате. Нема втора шанса. Не постои Спа во облаците. Животот е дар- искористете го. Не трошете го вашето време на поединци кои не заслужуваат место во вашиот живот.

Не стапувајте во брак, бидејќи тоа никогаш не е последната опција, на тој начин или ќе бидете несреќни до крајот на животот или ќе завршите со развод и потоа повторно од нула. Со бракот вие само го прифаќате поразот.


Заслужувате совршена личност, а вие сакате да останете изгубени

Понекогаш не можете да направите ништо повеќе од само да прифатите дека некои луѓе не разбираат колку неверојатна личност сте вие. Не можете да контролирате се и морате да ги прифатите работите какви што се. Ако вие сте девојка или момче од соништата, не грижете се, ќе пронајдете некој кој ќе ве сака онака како што заслужувате. Можеби ќе биде потребно време, но имајте верба.

Повеќето луѓе се фокусираат на она што тие заслужуваат, без притоа да обратат внимание што заслужуваат другите. Ако вие самите не можете да процените дали сте добри за личноста која ја сакате, тогаш навистина не сте доволно добри.

Толку е просто и едноставно. Љубовта значи грижа, ставање на потребите на партнерот пред своите. Ако не можете да го разберете ова, тогаш вие не сте личноста која ја заслужува вашиот партнер. Затоа, престанете да се жалите и потрудете се да се поправите.

Посетено 4.207 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!