Спектакуларен апартман на врвот на една зграда во Стокхолм
Швеѓаните знаат како да го направат тоа
Голем, осветлен и топло декорираниот простор каде што сакаме да живееме
Веќе одамна е познато дека швеѓаните и тоа како го познаваат лагодниот стил на живот. Минимализам, функционалност, светли бои и топло уредени интериери е тоа што го сакаме кај нив. И секогаш сме поттикнати од нив. Еден таков инспиративен стан пронајдовме во популарната Стокхолмска четврт Södermalm. Фирмата која го застапува на пазарот со недвижнини тврди дека ова е еден од најспектакуларните пентхауси во Стокхолм. Нема зошто да не им веруваме.
Со површина од преку 300 м2 овој преубав животен простор има многу атрибути како што се високиот таван и големите прозорци кои пропуштаат многу светлина, дури два балкони кои гледаат две различни страни од кои има спектакуларен поглед на центарот, два камина, лифт со директен влез во станот и уште многу од тоа.
Во интериерот преовладува намештај во шведски стил со италијанска елеганција особено кога станува збор за кујната, а специфичен стилски детал се прекрасните заоблени прозорци. Во два одвоени етажи се наоѓаат неколку спални соби како и отворена дневна соба. Дали ви поменавме дека во прекрасното поткровје има и вински подрум? Накратко ова е идеален животен простор за современ човек.
Посетено 2.059 пати