Зошто 3 часот по полноќ е единственото време кога одлучувам да си го средам мојот посран живот
Јас сум царица. Јас сум најголемата магионичарка во светот. Јас можам да правам што и да посакам.
Еве сум. Моето име е Лорен Мартин , 3 часот по полноќ е и јас се обидувам да си го средам мојот посран живот.
Токму така. Овде во оваа темна (но не премногу темна) соба, лежејќи на мојот грб и зјапајќи во таванот бидејќи не можам да спијам или да гледам уште една епизода од мојата омилена серија, јас се колнам дека ќе го сменам целиот мој живот.
Многу нешта ќе направам утре. Ќе одам до пералната и ќе ја исперам мојата долна облека (бидејќи е срамота да се носи таква повторно?)
Додека сум таму, ќе ја земам мојата тетратка и ќе напишам 5 страни оригинална новела, а можеби и ќе сретнам некое згодно момче кое ги разгледува своите задачи.
Потоа ќе се вратам дома и ќе имам доста слободно време. Ќе ја исчистам собата и се надевам дека ќе ја најдам изгубената кредитна картичка ( да размислам, можеби би требало тоа прво да го направам). Во ред. Ќе запамтам само дека треба утре да се јавам и да ја одјавам.
По ѓаволите, филмот со Реј Чарлс беше многу добар. Одличен начин да заспиеш. Тој е навистина неверојатен на пијаното. Музиката е навистина прекрасна, би требало да биде дел од сечиј живот. Јас се обложувам дека можам да свирам на пијано. Да, се обложувам дека сум ѕверка за пијано. До крајот на оваа година јас ќе бидам новиот Ray Charles во мојата генерација
Па да! Зошто да не?! Јас сум млада, способна жена и мислам дека ако одвојам по еден час дневно јас ќе научам да свирам пијано. Еден час дневно е ништо. Утре по вечерата ќе ја завршам книгата за која му реков на Џо дека ќе му ја вратам пред година дена, а потоа пред легнување ќе вежбам по еден час.
О не, посраната серија “Scandal” е утре. Да, и неа треба да ја вклопам. Значи, книгата, па “Scandal”, па пијано и во кревет. По ѓаволите, девојко ти ќе се уништиш овој ден.
И како што веќе погодувате. Не успеав да станам Ray Charles на мојата генерација. Не ја пронајдов изгубената кредитна картичка, ниту пак ја исправ долната облека.
Всушност само ја откажав кредитната картичка ( бидејќи мама ми се јави) и гледав “Scandal”. Беше тоа неверојатна епизода.
Па зошто тогаш во 3 часот по полноќ мислам дека можам да направам се? Зошто во овој доцен, темен час станувам толку моќна? Навистина сакам да верувам дека месечината дава посебна енергија, зрак светлина кој не осветлува и предизвикува моментално лудило и заблуда за нашата величина.
Но, се додека тоа да се докаже, јас можам само да погодувам кои се причините што не мотивираат да си го средиме животот во 3 часот по полноќ
Бидејќи тоа е моментот кога се ни изгледа возможно.
Го имам целиот живот пред себе во 3 часот по полноќ.
Бидејќи јас не сум ‘хај’
За жал постои мал пропуст во ‘најдобрата Божја билка’… може да заврши одлична работа за една моја задача, но не е добра за повеќе задачи.
Впрочем, ми беа потребни три часа да ја средам мојата соба бидејќи решив дека кошулите треба да бидат наредени по материјалот од кој се направени. Дали шифонот е пред памукот?
Бидејќи се ми изгледа доста далеку
Во 3 часот по полноќ вие сте доволно далеку од вчера и доволно далеку од утре за да мислите дека сешто може да се случи. И токму поради тоа што го имате целото време на светот, ја имате и целата самодоверба во светот.
Во 3 часот по полноќ мислите дека ќе се разбудите за 3 часа, но всушност ќе се успиете и покрај вашиот аларм.
Бидејќи не сум изморена
Јас сум будна, подготвена и утрото ми изгледа како топол базен во кој едвај чекам да влезам. Но всушност, утрото е базен со смрзнувачки ладна вода која не сакам ни да ја допрам.
Во оној момент кога се обидувам да станам од креветот, надоаѓа бран на истоштеност и јас повторно сакам да се вратам во креветот и таму да го поминам остатокот од денот.
Бидејќи никој не ми пишува
Додека сум во кревет немам никакви планови. Никаква потреба да одам на пијалок после работа, никаква обврска да гледам досадна телевизиска програма со пријателите во нивниот стан или да излегувам на безпотребни повеќечасовни и долги вечери.
Никој повеќе не ме кани, никој не го прави она што јас сакам да го правам и никој не ми обрнува внимание.
Бидејќи после 1 часот по полноќ јас станувам личност која постигнува се, за наутро повторно да се претворам во личност која не успева да постигне ништо
Ова е таа магична теорија. Кој може да знае. Месечината е релативно непознат ентитет и ако можеме да ја прифатиме теоријата на Amanda Bynes зошто да не веруваме во моќта на месечината?
Бидејќи сметам дека ако сум будна треба да правам нешто
Ако веќе лежам будна во креветот, сметам дека треба да извлечам некаква корист од спиењето.
Доколку се смета дека ќе се чувствуваме лошо ако спиеме помалку од 8 часа, дури и дека утре можеме да бидеме губитници, тогаш можеме и да продолжиме напред во животот среде ноќ.
Бидејќи нема ништо на телевизија
Емисиите во кои веруваш повеќе од било која религија со која си израснал не се прикажуваат во 3 часот по полноќ.
А кога тие не се вклучени, кога ги нема нивните прегледи кои ве одушевуваат, оние ужасните не ти претставуваат никаков предизвик и чувствуваш како за момент да го имаш целиот свет пред тебе
Бидејќи навечер чувствувам вина
Не сум сигурна што е тоа што во текот на ноќта прави да се чувствуваш дека што и да направиш ќе бидеш испратен во пеколот, но сепак така е…заедно со секое твое жалење, сите засрамувачки моменти и ужасната меморија која ја потиснуваш веќе 15 години.