Жена не можеш да сакаш делумно. Или цела или ич.


Жена не можеш да сакаш делумно брат. Или цела или ич. Тоа значи да ја сакаш и кога ќе ја фатат будалите. И мрачните. И тажните. И кавгаџиските. Можеби највеќе па баш тогаш. И кога ќе ја изгуби вољата за живот, ти да го пребараш цел свет, да ја најдеш и да и ја вратиш. Ќе има денови кога ќе те брка од себе. Остави и доволно простор, ама биди таму за неа. Нека осети дека не си од оние што лесно се откажуваат. Ќе има денови кога ќе се изгуби самата себе. Луѓето се такви, лесно се губат себеси. Посебно оние, најдобрите. Дека ќе си ја раздадат душата на сите, оставајќи само трошки за себе. Тогаш ти биди душа за двајцата. Дополни и… според законот за сврзани садови дел од твојата душа ќе се прелие кај неа. Само треба да сте така сврзани. А добрата душа е како квасец, брзо нараснува. Кога дуваат урагани, биди и тврдина. Издржи заедно со неа. Што и да е. Невреме – невреме. Цунами – цунами. Дека после најмрачните облаци изгреваат најсветлите сонца. А има ли, те прашувам, нешто поубаво од тоа да ја гледаш како повторно изгрева? Не брат, не можеш жена да сакаш делумно. Така сакаат делумните. А ти не си пола, туку цел човек. И така сакај. Дека само човек што целосно сака, ќе биде целосно сакан.

 

Посетено 17.580 пати