КАТЕРИНА ТРАЈАНОВСКА

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

katerina1
Катерина Трајановска, моден новинар и уредник во Stylist.mk

Денот ми почнува со задолжителното јако утринско нес-кафе, а додека го уживам пред компјутер, почнува утринската рутина. Иако новинарската професија значи непредвидливост и нетипично работно време, некои нешта се сигурни – утринско кафе и проверка на е-меил, читање вести од областата на модата и дизајнот на омилените интернет дестинации, следење на „Инстаграм“ како одличен извор за модни новини и со тоа веќе ги обликувам обврските на денот. Пeриодов беше во знакот на македонската мода и 10-от по ред Моден викенд-Скопје (FWSK), манифестација која иако официјално заврши во понеделникот, за мене и за тимот од сајтот Stylist.mk денов значи финализирање на одлуката за наградите за најдобра колекција, најнадежен млад дизајнер и најдобра манекенка, кои по трет пат ги доделуваме на најуспешните на FWSK. Покрај признанието, најдобрите креатори и модел ќе добијат уникатни статуетки направени од македонски дизајнери на накит, па со колешката Ана Несторовска планираме да провериме до каде е нивната изработка. Утрово додека го организизирам агендата на денот и се радував на вечерното претставување на новата колекција на Росица Мршиќ, дизајнерката нè изненади и прати видео запис со кој премиерно онлајн ги претстави новите креации. По виртуелната ревија и уште неколку онлајн-ангажмани, се надевам на уште едно кафе во реално друштво, а и слободно време за да почнам да подготвувам предавање за жени претприемачи за настан што ќе се одржи во ноември.

Посетено 546 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!