Шупче звано Шалтер-Его

guzva na salter
Ја имав таа несреќа, деновиве да си ги тенчам ионака веќе истенчите живци, чекајќи и акајќи се до бесвест пред онаа грозна институција, наречена ШАЛТЕР, од која на секој нормален човек во оваа држава му се темни.
Со која, сакал-нејќел, кога-тогаш ќе мора да се соочи.
Прса у прса. До последниот здив. До победата. И, по неа.
Шалтерот, поготово болничкиот, е извонредна можност да проверите до каде сте со нервите и до која граница имате трпение да бидете сведок на енормните количини на глупоста во оваа веќе неподнослива бирократија.
Самата проекција, или архитектура на овој страшно омразен, а сепак нужен отвор, е понижувачка до немајкаде и од одма ве става у положба на “брала цура јагоде”
-Значи кретенски натртен, наведнат, со збрцан нос у она мало шупче од декориран картон, зад кое, ако имате среќа и умешност доволно да знаете да ѕиркате, ќе ве пречека, по обичај некоја вештерка, оштроконџа, наџак или пенџер баба, мргуд, намќор, кој до 1о се мрази самиот, а после ајвар-чварки-бурек-манџа паузата (враќам се веднага) и целиот поштено натртен и нагузен свет.
Не знам зошто, баш овде ми текнува на еден прекрасно пластичен опис на изгледот на фрустриран човек, кој во култната книга на Ентони Барџис “Паклена помаранџа” е опишан како “кога коњот сака да ја гризне јаболката преку жичана ограда”.
А, дека стоењето пред шалтерот е чиста фрустрација, тоа е веќе ноторна и апсолвирана вистина.
Откако прво ќе се изначекате за стасате до процепот и ќе го изговорите своето име (појако, бе), следува објаснување на проблемот, па “немам ситно-оди раситни”, па упатување кај што треба и повторното чекање, чекање, да не речам до кога.
А, за целото тоа време морате да стоите у редот, ама баш “у потиљак”, да го разгледувате релјефот на ќелаицата, перутот, косичкатта и влакната од уши на вашиот претходник, додека вие сте у иста положба како и он, ама за оној позади.
Не дај боже да се мрднеш од редот, одма се наоѓа некој ускок или ускочица, кои онака нехајно и полунежно ќе ве избуткатаа со своите прдари, прашувајќи и одма констатирајЌи, демек:
“Па вие, дечко, не све у редот”?
“Не бе, не сум, само што немав што да правам денеска отсабајле, па си застанав ете така, да се позаебаам малку и да изгубам едно три-четр саати до ручекот”.
Ако сте премногу бучни, може да ви се деси, мадам вештерка да ви свика, па после да ве врати на зачеље заради некоја банална буква.
А, во караванот секогаш се наоѓаат и шегобијци, раскажувачи на глупи вицови, анегдоти и пошалици, закерала и мргуди од типот на Маестро Зоран Радмиловиќ, како и еден мал милион самозвани доктори, кои “занаетот” го испекле од долгогодишното ебавање на вилици у строј.
“Докторите” секогаш се спремни да ви препишат терапија, која 100% е успешна, ама и покрај тоа, ете дошле кај својот омилен лекар на виѓавање и визита.
(И, он им се радува како на најмили, мислат они).
По визитата кај еќимот, не сте завршиле работа, не, не, не, ни оддалеку.
Има уште една мизерија која се одзива на името-ЗАВЕРКА.
Значи, пак построени пред шалтерот, пак чекање и нервоза, за да службеничките ви ја “заверат” посетата кај докторот.
Инече, без тоа не ви вреди ни дијагнозата, ни терапијата, ни лековите, ни рецептот, а бога ми, ниту болеста.
Па, Вие, без заверката сте потенцијално здрави и среќни луѓе, само што не сте го знаеле тоа у моментот.

Посетено 1.603 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски