Рапсодија на сонот

[fblike]zvoncica_majkatiitatkoti
Те сретнав синоќа в сонот
во ходникот на душата ми лизгаше
небаре замрзнато езеро е
и во еден здив, во еден ритам го танцуваше лебедовото езеро на Чајковски
дур го танцуваше перформансот на животот
дур со лизгалките по душата ми гребеш
дур длабоки трагови оставаш
во очите ми заспиваш
и тонеш во нив
небаре жив песок се
и не бараш помош, не молиш за извлекување
оти ти годи
и убаво ти е дур со нив немо зорите ги пречекуваш
Наутро ме будиш.
Навечер ме заспиваш.
По ѓаволите,
не, не е нормално
не, не е хумано
толку проклето
толку нереално
толку да те има
толку да си распослана, небаре цвет си на росна ливада
и не било каков, туку оној
најличниот
недопрениот
сличен со другите,
а толку различен во сличноста.
И мирисот твој, единствен е, толку нежен а силен к’о морфиум
со најзвучна арома, со најсладок опијат.
И поленот твој, налик златна прашина е, небаре истиот оној
к’о на Sвончица од Петар Пан
и дур со него ме прегрнуваш
со звукот на светлината
ме телепортираш
во најдалечните краеви на Недојдија…
Е.А. 
Посетено 992 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!