Омилени Њујоршки Адреси На Блогерката Миа Кнежевиќ

Блогерката ги открива своите фаворити

mia knezevic-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]

Една од најпознатите српски блогерки со адреса на живеење
во Њу Јорк ги открива нејзините омилени места
во Големото Јаболко

Миа Кнежевиќ не е непознато име на љубителите на модните блогови и модната сцена. Оваа шармантна девојка тргна по својот сон во Њујорк, каде што соработува со познати модни куќи и собира знаење во најголемата модната индустрија во светот. Како вистинска ‘it’  девојка, чиј календар е полн со настани и интересни адреси, Миа ќе сподели некои места кои се дел од нејзиниот ритуал во Големото Јаболко.

Еве што препорачува:
Кафе – Alexandra caffee (455 Hudson Street )
455 hudson streetНајубавиот кафе-бар во Вест Вилиџ. Овде доаѓам секое утро на кафе, местово е многу популарно меѓу трендсетерките, а кафе тука често пијат шведската блогерка Elin Kling и актерката Натали Портман.


Шопинг: La Garconne (465 Greenwich St) , Dover Street Market 160 (Lexington Avenue), The Apartment (76 Greene St)
Не ми се допаѓа да одам во продавници и поголемиот дел од облеката ја купувам онлајн, но овие три дуќани ги обожавам бидејќи купувачите се исклучителни, не се ориентирани кон комерцијални парчиња, туку на оригиналност. Јас не сум љубител на стоковни куќи и купувам  само во одбрани мулти-бренд и на  онлајн продавници. The Apartment е место во Soho каде што влегуваш во лифт кој ќе ве однесе директно во стан. Подкровјето е претворено во продавница со гардероба во која се наоѓа новата колекција. Како да купуваат во нечиј во стан од гардеробер.
the-line

doverstreetmarketnewyork3
Кино: Angelika (18 W. Houston St.) i Film Forum (209 W Houston St)
Angelika и IFC се познати кина со независни филмови и платформа за нови млади независни режисери. Во моето семејство филмската култура отсекогаш била многу важна, така што го ценам квалитетниот труд.
angelika
Ресторани: Jack’s Wife Freda (224 Lafayette Street), Café Clover (10 Downing St), Sant Ambreous (265 Lafayette St)
Ова се дефинитивно три најтренди ресторани во Њу Јорк. Jack’s Wife Fred е опуштено место со кошер храна, супер коктели и вистинска атмосфера. Ова е воедно омилен ресторан на блогерката Leandra Medine. Sant Ambreous денес е институција која се наоѓа на неколку различни локации. Секоја сабота и недела тука одам на brunch. Гости се навистина различни, од познатите скејтери  до Valentino Garavani . Доста келнери се по потекло од Балканот, а храната е врвна италијанска.
jack
David Zwirner Gallery (525 W 19th St)
Современата уметност е дел од мојот секојдневен живот во Њу Јорк. Тука сум често  и апсорбирам дела на познати и помалку познати современи уметници.

 

Посетено 552 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!