Кога љубовта меѓу Игор Џамбазов и Емче станува инспирација, се случува ова!

Ели Бродиќ е девојка која едноставно плени со своите илустрации, а една од нив беше токму пресликувањето на љубовта на Игор Џамбазов кон неговата единствена мачка Емилија Џамбазова Бавчанска. На прашањето од каде инспирацијата, таа скромно ни одговори дека веќе подолго време преку пријателството на Фејсбук била сведок на огромната љубов од страна на Игор кон Емче.

Таа додава дека бидејќи немала мачки во својот живот, најславната мачка во Македонија односно Емче ѝ е вечна инспирација, па штом ќе почнела да црта маче – истото се претварало токму во неа.

Ја запрашавме колку време се занима со илустрација, а таа ни одговори дека не се занимава долго со неа, но дека прераснала од обично хоби во нешто кое би сакала да го прави посериозно.

За крај ја прашавме дали има нешто да ни порача токму преку илустрацијата, а еве што ни одговори:

„На Инстаграм посакав првата овогодишна илустрација да биде и една моја желба за Новата година за сите што ме пратат. Во светот кој станува сѐ постуден и постуден, човечката комуникација „очи во очи“ е сѐ поретка, па нема поубава желба од таа каде му посакуваш на некого љубов. Игор и Емче ми беа прекрасен пример за таквата љубов и одлучив да ја пренесам пораката преку нив.“

Посетено 809 пати