Госпоѓица Никој-појма-нема-како-се-вика се соблече за нашиот фекален портал

Ексклузивно. Шокантно! Госпоѓица Никој-појма-нема-како-се-вика се соблече за нашиот фекален портал. Госпожа Бујни-гради-водителка-за-која-прв-пат-у-живот-слушам ни откри каков тип на маж сака. Манакенката-кој-никој-не-ја-знае-а-до-вчера-боса-низ-поле-газела ги има најдолгите и најубавите македонски нозе. Супер! Ајде сега сите вие квази сајтчиња и ванаби старлети колективно отидете и утепајте се.

gospogica nikoj poma nema_majkatiitatkoti

Ексклузивна е само веста дека интелигенцијата по глава на жител опаѓа вртоглаво со секоја испатена девојка за внимание кој некој напален, социјално неспособен „веб уредник” ќе ја промовира на сајт за да може воопшто да дојде до муабет после со неа. Шокантно е што социјалните медиуми станаа место на самопромоција на самослик во танга од пеевче со дакфејс во ќенеф. Неверојатно е што девојчињава ко да немаат родители и се оставени сами на себе со интернет конекција и телефон со добра камера.

Откако ги исцрпивме сите клише бомбастични зборови ајде да ја погледнеме вистинската слика за тоа што се случува. Девојчиња кои изгледаат добро си сакаат внимание. ОК. Нит е нешто ново тоа, ниту пак невообичаено за денешно време. Единствена разлика од порано и денес е тоа што порано девојките кои сакаа да добијат внимание мораа да го прават тоа во живо. Процесот беше поприроден, публиката беше во нормални граници.

Денес е сосема друга приказната. Денес, доволно е да отвориш профил на Фејсбук, да почнеш да ставаш провокативни слики и топ си, кис4е. Лајкови од пријатели, од пуштачи, од бивши, од потенцијални и веќе си спремна за следниот чекор – отворен профил и следачи. Е тука веќе имаш дигање на левел. Следно што можеш да очекуваш се криповите и останатите стокери со коментари од типот на „многу си убава”, „мачкица”, „сватка” и „благодарам за пријателството”, пошто, нели, интернет култура.

Потоа, следи контакт со „уредник” на портал, кој ти бара сликички за да ти објави статија. Тука веќе си позната. Следно, за да не изгледаш на очајна тинејџерка која само пати по внимание и по лајкчиња од полуголи слики решаваш да му покажеш на светот дека тебе ти фаќа црпката. Многу едноставно. Најоѓаш интернет фраер, ти кажува како да си направиш профил и на твитер, заследуваш интересни и паметни ликови, ставаш и таму ептен порно слика за и тебе да те заследат испатени и хорни твитерџии и спремна си. Си читкаш твитови и си ги копираш на Фејсбук. Оп! Ти си сега и паметна! Комплетно пакување.

Одеднаш и коментарите се менуваат. Не се тоа веќе само комплименти за изглед. Сега и појаките фраери почнуваат да ти коментираат. Ако случајно ти искоментира некој нешто што не знаеш, пошто си ископирала твит која и самата не го конташ, не е проблем ни тоа, тука е чичко Гугл. Ти барем знаеш да пребараш по нешто. Ќе се снајдеш да вратиш.

Следно почнуваш да идеш по разно-разни битни настани и стануваш ивентуша. Главна си у градов. Те гледаат насекаде јаки фаци, бизнисмени, фраери во вистинска смисла на зборот. На хартија си супер – добро изгледаш, наводно си паметна, дел од шемата си, секаде те има, на прав пат си. Ќе закачиш некој добар дечко и тоа ќе трае… до првиот посодржаен муабет кога нема да можеш да пребараш нешто на нет, до првиот пат кога ќе види какви све бараби ти коментираат на Фејсбук и дека имаш 40 пораки во инбокс од истите.

И? Тогаш што? Тогаш ќе се покаже дека немаш што да понудиш, а веќе никнале нови сто цурици како тебе, спремни да се разголат за новоотворен веб портал и уште поспремни да се сликаат и похардкор за на инстаграм. Па ќе пишуваш статуси дека нема вистински мажи во Скопје, дека се сите лиглиња, па ќе патиш на рефрени од српски песни кои ќе ти ги заменат интелигентните статуси, па ќе те реметат рандом интернет тролови.

Затоа – не биди Гугл цура, прочитај нешто повеќе од срање статии у стилот „10 начини да му се одмаздите на бившиот” и развиј го мозокот. Не се пали на лајкови од разно-разни закоравени мастурбатори кои жена не виделе со голо око и најблиско сексуално искуство им било гушкање со другарка. Најди си некој ко за тебе, а не некој кој може да те купи со се партали и исто толку бргу да те откачи како партал. Тие што стварно ги бива завршуваат како модели по светски списанија, а не по маалски блогови. Почитувај се себе и облечи нешто, ладно е надвор!

Посетено 8.675 пати (1 денес)

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)