Дали вредат парите што ги добивте за згаснатите таленти на безброј спортисти?

sport
Една од причините кои не ми дозволуваат да спијам навечер е дефинитвно причината за мојата одлука да се откажам од 10 последователни години во светот на фудбалот. Што ме натера да се откажам?

Дали тоа беше недостиг на талент? Не верувам. Да беше тоа немаше да бидам почетен во еден од најелитните тимови на Македонскиот фудбал цели 8 години. Но, што се случи наредните две години?

Дали тоа беше тренерот кој ме натера да се откажам? Можеби. Откако се појавија деца кои беа просечни играчи во тимови кои немаа победа против мојата генерација, тој магично ги заборави нашите способности.

Дали тоа беше системот и државата во која живеам? Дефинитивно. Стандардот за спорт во Македонија е таков што ги уништува надежите и ги згаснува сништата на младите спортисти.

Тие луѓе кои не размислуваат за подобар спорт и иднина на младите, туку за сопствениот џеб се причината зашто голем број од младите “скршнуваат” од правилниот пат и се навлекуваат на пороци. Тие се причината зашто сме последни во светот на спортот и никогаш нема да бидеме успешни.

Дали постои сума која вреди за да згаснеш нечив сон? Оставам на вас “стручњаците” да ми одговорите.

Посетено 3.219 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!