ЈСП „НЕ“КУЛТУРА

Една амеба од шофер денес во ЈСП ќе повредеше постара жена на која ѝ ја затвори вратата на влегување, само затоа што подзастанала да види кој број е автобусот позади. Ајде тоа што го направи, ќе си речеш, може случајно. Ама он толку многу почна да вика по неа, „кај гледаш, што правиш, што се влечеш ко црево, тебе ли ќе те чекам“ што се шокиравме сите. Женава му вели „Па за тоа ли требаше да ме стиснеш со вратата?“, а „мудрецот“ без грам мозок и одговори без срам и перде „Сум пукнал тебе да те стискам, ај да си млада па да те стиснам!“ Па почна тука да ја вреѓа… „стоко“, „краво“, „мрш мори“ и слични зборови кои од чиста култура тука нема да ги употребам. А тоа што само ние жените некако и изреагиравме за недоличното однесување на шоферот и покрај стравот да не ни се сипе и на нас бидејќи беше поприлично агресивен и гласен, а не се најде ниту еден „јунак“ од мажите да застане во одбрана на жената, е тоа е веќе друга приказна… Познавајќи ни го менталитетот, не бев воопшто изненадена!

Ѝ спомнав на жената на излегување да го пријави во ЈСП. Не знам дали го направила тоа и дали ме чу воопшто, беше многу вознемирена. Ама таквите луѓе постојат и работат тоа што работат, затоа што не мрдаме со мало прсте за да бидат казнети. Во светот, таму некаде, шофер на градски автобус со најголема почит се однесува кон стари лица и инвалиди, затоа што тоа му е должност! Да застане ако треба, да стане од седиштето и да помогне! Ќе лета од работа веднаш, ако не го направи тоа! А не да вреѓа и да пцуе и да се понаша како автобусот да е на мајка му!

Посетено 2.094 пати (1 денес)