Вознесение – Анте Поповски

Поводна песна за Богородица

bogorodica_majkatiitatkoti

На Вознесение, во бела облека
влезе в црква и се прекрсти,
а кога погледна нагоре
Богородица веќе се симнуваше долу.
И се приближи на мама и држејќи ја за рака
ја вознесе и ја седна покрај себе,
покрај некое кладенче и сенка.
Блесна некоја јарка светлина над мајка ми
потоа се насобраа светци и светици
да и бакнуваат рака.
Мајко, викнав тогај, мајко
смисли, измисли што и да е,
греота се, раскажи им на ангелите
нешто убаво и од земјата.

Посетено 635 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!