Ражничи од лосос и тиквички на скара
Покрај стандардните прилози при подготовката на храната на скара љубителите на рибата за промена би можеле да се обидат да ги подготват овие превкусни ражничи од лосос и тиквички.
Состојки:
Филети од лосос – 300 гр.
Тиквички – 2
За маринадата
Балзамико оцет – 4 лажици
Чили – 1/3 лажица
Мед – 2 лажици
Свеж копар – 1 лажица
Сол и црн пипер – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Дрвените стапчиња за ражничите најмалку еден час пред подготовката ставете ги во студена вода.
Чекор 2:
Го миеме лососот кој потоа го сечеме на коцки. Претходно измиената тиквичка ја сечеме на широки ленти кои со својата големина ќе одговараат на таа на коцките од лосос.
Чекор 3:
На ражничите наизменично ги ставаме лососот и тиквичките и ги премачкуваме со маринадата по што ги ставаме на претходно загреаната скара. Печеме од 5-7 минути од двете страни.
Посетено 730 пати