Технолошките гиганти застанаа во одбрана на Епл
Гугл, Фејсбук, Мајкрософт и Амазон планираат да го поддржат Епл
во судскиот спор со ФБИ.
Компаниите планираат здружено да застанат за Епл, кои моментално водат контроверзна битка за да го избегнат создавањето на посебна алатка која би му помогнала на ФБИ да влезе во Ајфонот 5с кој му припаѓа на еден од напаѓачите во минатогодишното масовно пукање во Сан Бернардино.
Тим Кук, извршниот директор на Епл, изјави дека ова може да постави „опасен“ преседан кој ја поткопува приватноста и безбедноста на милиони потрошувачи ширум светот.
Одговорот на технолошката индустрија беше бавен и нејасен, но извршните директори на најголемите технолошки гиганти полека го искажуваат својот став – сите заедно рамо до рамо со Епл.
Заедничкото соопштение од петте највлијателни компании праќа јасна порака, дека гигантите стојат заедно во бранење на принципот на приватност – дури и во време на сомнежи какво влијание ќе има одлуката на Епл врз способноста на спроведување на законот.
Посетено 759 пати