У овој град све се мери..ама се мери онака од око!

..нека не ми замерат другиве граѓани, јас освен у Скопје, у друг град немам живеено во државава, така да ќе го прецизирам текстов у тесново животно подрачје..и тоа од мој аспект, лично мој, со кој може да се слагате а може и вуна да предете, небитно..

..у овој град све се мери..ама се мери онака од око! дека окото не лаже, нели? па така на пример, еве да почнам со изгледот на Скопјани и тие што живеат у Скопје, сеедно..кога ќе излезеш од домот свој, секако прво луѓето те гледаат како изгледаш дали си слаб или дебел, дали си бањат или скиснат у пот, дали си скупо облечен или си у певекс компани натнат, дали ќе влезеш у кола и таа дали е скапа или е половњача, дали идеш пешки или пумпаш гуми од точак, па после од око ти прават муабет спрема нивната опсервација и точна проценка кај си тргнал, со кого, и дали ќе се заебеш у старт или може да ти се посреќи да завршиш работа..а од нивниот муабет многу ти важи тековното расположење, пошто така можат да те сјебат у секунда, што ни крштена вода не може да те опраи или оплакне од човечки душевен муљ..е сеа, може некој и несакајќи да ти посака убав ден, али тогаш си викаш да не ме урочат луѓево, пошто многу добро не е на арно..и тоа од око мерено!

.. у овој град сите се разбираат од све..нема наука што не е научно потврдена од луѓево..ма какви книги, енциклопедии или истражувања, тоа све кај нас е проверено, докажано и мамемуеебано..така, од око!..не дај боже да влезеш у потесна дебата, може да те наденат на веќе спремна гиљотина, пошто они од душа се мирнодобно расположени за среќа, љубов и соживот..али само по нивни правила, мерки и заебани правила..тоа од око утврдено..

..у овој град, сите за тебе све знаат, у танчина..знаат колку мајка ти те доела со мајчино млеко, а колку пати ти бутнала цуцла у уста да не плачеш..тука се знае дали детето твое ќе го биде нешто у иднина или ја завршило историјата уште пред да почне да оди..тука знаат колку пати имаш секс со ќеф, а колку од глума..све си знаат, од око..

..у овој град, како во ниту еден друг град у свет, знаат да се чекираат и таму кај што никад у живот не биле, да се покажат на места кај што луѓето уопште не ги познаваат, да глумат заинтересираност и љубов за она што најмногу го мразат, да функционираат сложно у замислена политика, радикално да го мрзат од бога даденото..како во ниту еден друг град у свет, ќе те убедат дека е ден кога е ноќ, а ноќ кога е ден.. онака од око..

..у овој град се слуша поделена музика..музика на камбаните и џамиите, музиката на турбото, џезот и тангото, уствари у овој град никој никого не слуша, а секој секого пцуе..од мајка, шајка, сестра, вујна па све до партиска стрина!..музиката на овој град е музика на споменици, плакати, мегаломански апетити со ниски страсти..музика со нота на висок профит..од око..

..у овој град се дружи исклучиво на око..тука е најчиста работата..ако од око новчаникот ви се совпадне, ако од око интересите се замрсат, ако од око бракот е најбољи, ако око мирот се договори, ако од око извадите фазла уште едно око, тоа е она што ви е погодено и тоа е уствари како еуфоријата со пловењето на галијата по Вардар..пун со го*на..каков таков, наш си е..

..и не е битно што све ова се дешава у мојов град, важно е да се дешава..и каков таков функционира од памтивек, се живее некад ко у Њујорк, некад ко у Бејрут, се сакаат животните, се мразат комшиите, музиката ечи у најголемата депресија, тишината се слуша во најрадосната поезија, тренерки се носат со патики, злато со раднички мантил, важно сите мерат!..кој колку ќе измери негово си е!..од око..
.. до кога ќе го издржи ова Скопјево, око да немам, не знам..

Посетено 1.592 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!