Весна Петрушевска: Да умреме порано сите пред да не стаса пензија, ако не па?

Колку работиме напорно, колку не размислуваме за деновите кои ги минуваме … не го броиме животот затоа што мора да преживееме… едно утро стануваш и читаш дека некој од пензиите си раздавал наваму, натаму… никогаш нема да бидеме хумано и општествено одговорни.


Само да ги прашам оние што брцнале во пензиите … сте виделе ли пензионер во маркет како се пребројува и така изнемоштено ги пакува трите прехрамбени продукти во кесичка која му е купена пред месеци…работеле цел живот за вие да си играте играчки. Срам да ви е! Еве јас за актерите ќе кажам, се пензионираат со мизерни пензии ….Марш бандити! Па уште ќе глумите недопирливи и ќе ми продавате муда за бубрези(најдлабоко се извинувам за францускиов, ама па гајле ми). Да умреме порано сите пред да не стаса пензија, ако не па ?

Посетено 3.414 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!