Бон тонот нè учи за покојните сè најдобро да зборуваме


Бон тонот нè учи за покојните сè најдобро да зборуваме. Некои денес зборувајќи за покојниот Тито го прекршија бон тонот.
Јас не знам каков бил. Мал бев кога почина. Ама логиката ме тера да размислувам дека кон оние што го величаа, кон оние што ја бранеле татковината од странски служби, кои добиваа студентски кредити, работа во јавна администрација, кои беа членови на партија сигурно бил многу фин.
Кон оние што работеле на рушење на системот, кои соработувале со “странски служби”, кои одбивале да молчат, кои не сакале да бидат членови на партија, кои зборувале против Маршалот гарантирам бил крвник.
Така било одсекогаш, така е и денес.
Вечен ти спомен Маршале.
Судот Господов е последен.

Посетено 1.878 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!