Владо Костов Во Галерија 212

[fblike]


Изложбата на македонскиот уметник Владо Костов наречена
“Улични музичари” ќе биде отворена во вторник, 17 ноември,
во 19 часот во Галеријата 212 во Белград
Изложба на Владо Костов "Улични музичари" во Галерија 212 во Белград
Изложба на Владо Костов “Улични музичари” во Галерија 212 во Белград
Изложбата содржи скулптури направени од отпадни материјали во 2014 и 2015 година, а овој нов циклус на дела се инспирирани од средбата на авторот со десетгодишното девојче Јована која свири виолина на Кнез Михајлова улица во Белград.
– Претставените експонати го изразуваат егзистенционалното прашање кое од личното се развива до универзалното значење. Силата на скулптуралната претстава, покрај визуелноста и енергијата која се манифестира во форми, се базира и врз градивни елементи. Користејќи рециклирани предмети авторот инсистира на општествената одговорност на современиот човек и неговиот однос кон природата – пишува во каталогот за изложбата Оливера Вукотиќ.
Новиот циклус на дела е инспириран по средбата на авторот со десетгодишното девојче Јована која свири на виолина во Кнез Михајлова улица.
Новиот циклус на дела е инспириран по средбата на авторот со десетгодишното девојче Јована која свири на виолина во Кнез Михајлова улица.
Владо Костов Ваце е роден во 1967 година во Скопје, каде што дипломирал на Факултетот за применета уметност “Лазар Личеноски”.
Својот уметничи поглед  го формирал под влијание на познатиот македонски сликар Димитар Манев.
Од 1987 до 1989 година живеел во Лондон, каде што работел како карикатурист соработник во студио за анимација и карикатури “Holivud Road Film Produktion“.
Од 2005 година се случува пресврт во неговото творештво. Костов го открива својот оригинален израз, трансформиран во суптилна конструкција на отпадни материјали, изразувајќи го сензибилитетот на големиот саксофонист Чарли Паркер. Со таа скулптура учествува на мултимедијалниот проект во чест на Чарли Паркер.
Излагал на повеќе самостојни и групни изложби. Живее и работи во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 1-ви декември.

Извор:
blic logo
Посетено 1.081 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!