Зошто некогаш го добиваш тоа што го заслужуваш, а некогаш што другите мислат дека го заслужуваш?

Одговорот е многу прост: За првото сам се бориш, за второто дозволуваш другите да одлучат за тебе.

Се’ додека си задоволен со мислењата на другите за тебе, нема да испловиш на површина. Се’ додека си задоволен со трошки, нема никогаш да изедеш цел колач или барем огромно парче од него.

Останува на тебе, за кое од овие две ќе избереш, секој пат пат кога и да се најдеш пред нив.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 312 пати