Зошто не му се вратиш на бившиот?

Луѓето кои се во врска и се чувствуваат прекрасно, често забораваат дека сингл личностите околу нив не се чувствуваат баш исто.

zosto-ne-mu-se-vratis-na-bivsiot-1

Бидејќи девојките се посебно емотивни на оваа тема, овие прашања никогаш не треба да им ги поставите доколку не се во врска, секако ако не сакате да добиете саркастичен одговор или шамар за возврат.

Си пробала ли онлајн запознавање?

Иако тоа денес е во тренд се уште не можете да бидете сигурни каква личност се крие зад прекрасните селфи фотографии на социјалните мрежи. Ова слободните девојки го знаат многу добро.

Зошто не му се вратиш на бившиот?

Дефинитивно најлошиот совет кој може да и го дадете на една сингл девојка која штотуку го преболела бившиот.

Дали се гледаш со некого?

Дали гледаш некого до мене? Доколку гледате дека вашата сингл пријателка често ве бара почесто од порано, очигледно е дека не се гледа со никого, нели?

Не грижи се, има многу риби во морето

Најлошата утеха!

Се верив!

Епа јас сум сама и немажена. Познато е дека пријателите треба да се радуваат на нашата среќа, но и покрај тоа не е можно информација од овој тип да не пробуди љубомора и тага кај сингл девојка.

Што ако си сама, барем имаш добра работа

Потсетете се дека парите не може да ве згреат кога ви студи или да ве дружат кога сте осамени.

Пријателот на моето момче е совршен за тебе

Не сте ги запознале меѓусебно, а веќе тврдите дека ќе бидат совршен пар. Ова е првата помисла на сингл девојка кога ќе и ја спомнете оваа реченица. Одбегнувајте ја.

Тој најверојатно го загубил твојот број

Или има веројатност дека го згазил автомобил. Слободните девојки кои биле откачени од некој кретен знаат дека ова не е вистинската причина поради која тој не се јавил. Не се обидувајте да ги залажете.

Дали си пробала да излегуваш со повеќе момци истовремено?

Да, но сфатив дека сум хомосексуалка и ги откачив сите.

Наместо да поставувате вакво прашање посоветувајте ја да си посвети време самата себеси во овој сингл  период. Тоа повеќе ќе и помогне отколку да излегува со различни момци секоја вечер.

Ти си вистинска прилика!

Не е потребно тоа да и го кажувате. Таа веќе е свесна за своите квалитети и убавина. Можеби и затоа одлучила да биде сингл, нели?

Имате ли вие сингл девојки нешто да додадете?

 

Посетено 4.632 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!