Меланхолик

Сам сум дома а баш ми се збори со некој.
Пробав со срцето, ме откачи
Пробав со бубрезите и тие ме откачија,
уствари сите органи ме откачија,
конечно душава се смилува да си муабетиме
„се осеќам меланхололично“ – и’ викам
„како кажа?“ – потсмешливо ме прашува душава
„мелаххололо…се збунив“
„хахах не се осеќаш меланхолично него глупо“
„од кај знаеш па ти?“
„па јас сум ти душата, најдобро те познавам“
„мене да ме отвориш?“… „нема теорија!!!“
„ебате душата “
„ебате газдата“
„ај не се занесувај ќе те скршам“
„ти ќе ме скршиш?, седи мирен мочко еден“
И така се затепав со мојата душа
Се скршивме од мавање, уствари јас неа
малце повише него она мене
и сега сме скарани.
Неколку дена сум без неа
и тешко ми е ама не сакам да и’ признам
Сигурно и’ неа и е досадно ама ни она не признава
Ај да видиме кој прв ќе попушти.
А во меѓувреме ќе бидам обичен македонец без душа
и онака нема никој да примети, многу не’ има

Посетено 1.267 пати