Знаеш што ми е уметност?

cura-crno-bela_majkatiitatkoti
Знаеш што ми е уметност? Уметност ми е кога во толпа дотерани и намонтирани девојки ќе ја забележам онаа во фармерчиња и маичка. Уметност ми е кога сите бегаат од дождот, а еден човек без чадор си оди пополека, со една блажена насмевка на душата. Уметност ми е кога децата се трудат да ги бојат формите од боенката прецизно до линиите, а едното од нив ги брише линиите и си црта свој цртеж. Уметност ми е кога учителите ги тераат децата да седат мирни во клупа, а една учителка ги носи во парк, па трча со нив по тревата и се лизга заедно со нив на тобоганите. Уметност е кога сите шефови лечат комплекси врз вработените, а една шефица им прави смешки и заедно со нив фрла петарди. Уметност ми е кога во интервју за работа наместо да те прашаат колку добро функционираш под срес, ќе те прашаат – имаш ли идеи како да го снема стресот и работата да ни биде уживање. Уметност ми е кога сите блентаат во смартфоните, а едни дечко и девојка се загледале во пар прикачени бубамари што им слетале на рака. Да, уметност ми е она што не се наметнува, ама неописиво ме привлекува.

Посетено 4.078 пати