За сите самохрани мајки!

Многу пати сакам да ги гушнам сите самохрани мајки кои решиле да му кажат НЕ на насилството, НЕ на психичкото и физичкото малтретирање. Зошто? Затоа што цврсто верувале во ставот дека ако останат во бракот ради децата (најчеста причина за останување во токсичен брак) само ќе им направат полошо. Зошто децата да гледаат како нивната мајка пати? Зошто да им се втерува страв во коски и тие да не бидат удрени, понижени и навредени? Зошто да се во ризик да станат потенцијални насилници, зошто да сакаат да избегаат од дома и да паднат во канџите на другите зла? Зошто?

Наместо тоа, избрале да се борат. Сами, без помош, со 3 работи, ама заминале од домот наречен пекол.
Тие се доказ дека кога сакаш и мораш, тогаш можеш се!

Ставете крај на насилството, децата повеќе ќе ви страдаат ако останат…
Ако се плашите од стеротипите и предрасудите дека ќе ве осудат што сте си заминале, сетете се дека таква е семката кај многумина… А тие, всушност, постојат да бидат да бидат срушени!

Затоа мајки, лавици мои! Главата горе! Токсичен брак не значи среќно семејство во кое можат да пораснат вашите деца!

*П.с. Ова важи за сите оние кај кои таквото однесување на сопругот настанало по стапувањето во брак. За тие другите кои се омажиле знаејќи каков е жалам, ама таквиот насилник никогаш не се менува и со него се разделува после првиот симптом на малтртирање.

Посетено 493 пати