Врисни на цел глас: ЈАС НЕ СУМ СОВРШЕНА!

Јас не сум совршена, далеку сум од тоа.
Ги немам титулите кои треба да ме квалификуваат дека сум најдобра во нешто.
Ги немам доблестите, изобилувам со маани.

Не сум Ајнштајн, ниту Достоевски.
Но, секој ден се трудам да бидам најдобрата за себе.
И не за околината, не за фамилијата, туку за себе.

Живееш, работиш и се трудиш да се докажеш…
Создаваш, дејствуваш, учествуваш за да другите ти доделат признанија.

Искрен си, чувствителен и полн со емпатија, а добиваш удар еден по друг, шлаканица врз шлаканица. Затоа што не научи дека соочуствителноста е одамна заборавена во овој крут свет.

Имаш насмевка која друг ја доживува како потсмев, ох каква небулоза, кога не можеш сам да се радуваш на сопствената среќа.

И тогаш само тивко во себе заплакуваш, една по друга се редат. Гневот се таложи, бесот расте, нервозата веќе се спуштила во твојот желудник и одеднаш почнуваш да искашлуваш како прастар пушач.

Искашлуваш негативни мисли, чувства, емоции… Летаат како честички низ воздухот, иако не ги гледаш, ги чувствуваш како излагаат од тебе.

Не е прв пат, а нема ни да е последен.

И земаш здив.
Држиш.
Потоа полека испушташ.
Свири копнежот за малку тишина. Ја бараш… ти недостигала со денови, можеби месеци.
И ја добиваш само на кратко.
Молчиш и уживаш во тишината. Го слушаш треперењето на ветрот кој се поистоветува со трепетот во твојата душа.

Не сум совршена! Викни на сиот глас! Не сум! Јас го немам она кое ме отсликува во совршено изградиот сив свет! Не сум совршена! Јас ги немам наградите, признанијата! Не сум! Јас ја немам убавината! Не сум! Јас ја немам спиритуалноста, префинетоста, срамежливоста! Јас сум далеку од совршеноста!

Јас сум јас. А, тоа ме прави совршено несовршена.

Јас не знам да глумам дека ве сакам, јас не знам да глумам дека ми е дојдено до вас, јас не знам да глумам дека имам високо ценети мислење за вас!

Јас не знам да бидам како вас, простете ми.

Јас живеам во мојот свет, а во него нема место за извајани скулптури како вас.

Посетено 176 пати