Туп-Туп
[fblike]
Колку сум сам .. ..најсам на свет,
дури и звуците ме напуштија.
Уствари лажам, можам да слушнам
како ми растат ноктите и ми се забиваат во месо,
ама не ме боли,
ни болка не осеќам,
само срцето го осеќам како прави тууууп-тууууп.
-E не правам така, правам туп-туп – прозборе срцево
-E што разлика има ? – го прашувам
-Па туп-туп е поживо,весело…
-Како да не?!
-Сериозно
-Слушај, ај не тупи да не те исклучам
-Мене ќе ме исклучиш?..па ќе умреш бе будало !!!
-Е ај баш да видам – ме фати инает
Го исклучив… ама изгледа се заебав… ебате животов ако
ми зависи од едно клошарско срце, башка скршено
Посетено 427 пати