Тој што не личи на оние од насловните душичке, туку личи сам на себе, тој знае како, нему душата му сјае

Тој што не е најубав… Тој што не личи на оние од насловните душичке, туку личи сам на себе, тој знае како, нему душата му сјае.. Ја изгланцале изгрејсонца во бунило, кога не знаел од каде да почне.. Во големиот град со малку пари, но со големи соништа… И искра надеж во погледот за подобро утре…

Ете тој душичке… Можеби малку ја подзапуштил брадата, не ги стеснил фармерките, џемперот му е од пред три-четири години.. Но тој душо.. Тој знае како со себе.. И со другите..

Често го викаа тие, што беа желни за негово друштво, за негов совет, бидејќи духот му беше на стар човек, мудар, богат и достоинствен.. Со него некогаш ги пречекуваа мугрите, тогаш кога ќе се заборавеа во својот свет, полн со идеи и искрен разговор…

Со него душичке, поинаку е се’.. И просторот и времето поминато.. Бидејќи тој знае да ја цени посветеноста и искрениот пристап кај луѓето.. Знае да ја цени слободната волја просторот и времето…

Со него.. И последниот здив ќе ти мириса на љубов и ќе заминеш со ѕвезди во погледот.. Бидејќи очите ќе му ги оставиш нему.. Тој живееше и ќе живее во нив, се додека еден ден не ти се придружи во патувањето неречено бесконечност и верба во душата близнак…

Оливера Ширговска

Посетено 1.887 пати