Те сакам од овде до небото и назад

Име…
Долга и студена зимска ноќ , иста како и ходниците на таа зграда. Тишината ја буди упорниот часовник кој не потсетува зошто сме дошле на овој свет, која е нашата улога.. Речиси го слушам како ми кажува.. Со секоја секунда сум се помалку тука и ќе треба да заминам…
Во тие мигови , мојата далечина е толку многу присутна , што речиси е невозможно, но јас гледам се’, и се молам со сето срце и душа.. За мојата душа, која спие , ненадејно заспа , ја понесе ангелот на своите крилја , сакаше да ја прошета низ небесното синило и рајските птици , да и ја стопли душата со милината на тој универзум каде патуваше … И се повеќе се оддалечуваше од нас …

Ја гледав како мирно спие , телото смирено ги следеше движењата на дијафрагмата , но мојата душа беше далеку од мене , далеку од нас..
Сакав да плачам , да се изнаплачам , да ми олесни .. Но знаев дека на мојата душа сега тоа најмалку и треба … Сега и требаше силен човек со непоколеблива вера , кој ќе ја дрржи цврсто , човек кој ќе ја сака со цело свое срце , човек кој ќе верува во неа …
Минутите стануваа вечност , а ноќта ми се смееше , укажувајќи ми дека таа е единствениот чувар ..
Се помолив по незнам кој пат за мојата душа и се надевав дека со првите утрински зраци ќе ме израдува бескрајна среќа .. Ќе ми се врати мојата убава душа која ја сакам со цело срце…
Утрото се разбудив , знаев дека сум далеку од неа , го зедов телефонот и читав..

Се разбуди !!!… Се разбуди !!!… И го изговорила моето име , стоеше во пораката…
Река од солзи ми ги квасеше образите , поубава вест не можев да слушнам ..Се радував како мало дете за мојата душа што се врати .. Се радував на љубовта која ги спои тие две невини души ..Таа љубов која се раѓаше полека , и имаше сила да ја врати .. Вербата во неа , вербата во нас , ми ја врати мојата душа …А само пред неколку дена ми рече .. Оли моја , те молам биди силна , ќе ми требаш , не ќе можам сама .. Не знам .. Не знам дали мојата љубов или мојата верба ја врати но едно сигурно знам.. Љубовта направи чудо ..Љубовта се случи токму , кога и требаше најмногу .. Да ја врати од патувањето во вечноста и првиот збор да и биде неговото име .. Плачам додека пишувам , тоа се солзи радосници , солзи кои светат во душата …Со надеж и верба дека за секој човек има сродна душа која ќе биде секогаш тука .. Засекогаш…

Оливера Ширговска ..💞

Посетено 519 пати