Сè додека не се освестите, ќе ја терате државата во уште поголема пропаст!

68 нови заболени!

Во петокот, имав можност на кратко да поминам низ мал дел од парк и да забележам како во 15:20 има родители со деца без маски. Оке. Ние глупите дома седиме и го гледаме сонцето еднаш неделно при трансфер од едно до друго место. Бев со кацига на глава и на мотор. Да не се чудите за на пат до кај либето. Единствена дестинација од-до еднаш неделно.

Вчера, дедо во 10.00 си оди низ Дебар Маало, тројца шетаат едно куче во 15.45 (15 минути по полицискиот час) и фрлено ѓубре од непозната особа на сред улица.

Глетката од тераса е неверојатна. Се осеќаш како идиот, а не треба. Внук ми и неговите не сум ги видела, татко ми исто, другарките… секој имаме некој кој ни фали, нели… ама затоа вие се понашате како распашана команда.

Се жалите зошто толку строги мерки, а не ви чукнува во паметот да се запрашате дали вие едвај се придржувате и кон овие?

Ве боли што не сте можеле во црква да идете за Велигден, а не ве боли да пишувате грозни шали со Велики четврток и да се настегате во најтесното мини во сабота вечер после црква. Тоа ич не ве боли, нели.

Вербата во Бога никој не може да ви ја земе, како ни верата.

Еден куп пријатели гледам како групирани без срам ни перде си се сликаат групно, демек да го искорстиме сонцево…ни маски ни бутур. Ние глупите од кревет следиме ситуација како е надвор.

Се ближиме кон пикот, тоа е повеќе од очигледно… и со ова ваше непромислено однесување ќе доведете до ЦЕЛОСЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС, па после кукајте кога веќе и ова ви е многу.

Читам коментари повеќе наликуваат на шали демек коронава опасна е само после 4 и за време на викенд. Па, добре бе пријатели. Вие ако немате свест, јас стварно не знам веќе кои мерки да се преземат. Што демек, шегаџиите на векот сте, така?

Прво баравте да се ослободат школите, па вас, па болните, па полициски час и на крај повторно одново и одново за сè плачете. Одземена ви била слободата, нешто се спрема, ќе ве уништат, ќе ви пушат алуминиум одозгора, ќе ве преплават мигранти, ќе се случи трета светска војна, светот кова завера против вас, Илуминатите и масоните доаѓаат по своето, а вирусот едноставно не постоел.

Правите анкети дали некој знае заболен од корона и зошто немало интервју со заболен од корона. Барате хотелите со повратниците од странство кои се ставени во државен карантин да се запалат, а повторно куку-леле зошто Велигден нема да го поминете со најблиските без причест.

Па вие постите за да добиете „награда“? Ако е така, тогаш залуден е постот. Ништо злонамерно.

Повратниците, пак, од друга страна кукаат на лошите услови и тоа што не отишле ни во ВЦ, без да ги земат обѕир мерките за претпазливост. Што ако некој од нив е заболен? И зошто не се прашаат чему сето тоа? Никако.

Иако има и презадоволни.

Трета и последна категорија која ме вади од контекст се оние кои се жалат на „грабежот“ за време на полицискиот час. И тоа не било каков грабеж, туку на глобите кои треба да ги платат. 2 000 евра казна за прекршување на законот за полициски час, кој е спроведен со цел да седат дома, а не да се понашаат како: „Ми се јебе за полиција-милиција, ќе отерам све у курац“. Не, не функционира така. Додека други се пресреќни од третманот на полицајците за време на полицискиот час ако им требало нешто да завршат.

Путин одржа прес-конференција со една реченица: „Или месец дена дома или пет години затвор, изборот е ваш“, по што си заминува. Нашиве усти испењавија со повторување: СЕДИ ДОМА, СЕДИ ДОМА, СЕДИ ДОМА… ама не.

И само запомнете: Сè додека не се освестите, ќе ја терате државата во уште поголема пропаст!

п.с. Кога успеавте да поставите толку многу отров низ целиот град? И уште да му се молите на Бога ова зло да престане?

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 11.522 пати