Сакам позитивни луѓе

pozitivni luge-naslovna_majkatiitatkoti
Вчера вечер пред мене на шанк стојат
дечко и девојка, весели, насмеани, среќни
Си зборат, си играат, другарски се допираат
Ги гледам и уживам пошто ради такви позитивни луѓе
си ја сакам работата
Ама јасно ми е дека и двајцата сакат да се фатат
само никако да се случи тој момент
После скоро 2 саати,
да им ја скратам агонијата (грубо кажано, секако си уживаа)
ги почастив по едно шатче и си мислам
или ќе им се слоши или за 5 мин ќе се залапаат
За среќа не им се слоши,
за 5 мин стварно се залапаа, се исклучија од остатокот
од кафаната и ми се направи ќејфот
Девојката ми е позната, дечкото мислам не
Во секој случај ако се препознаат да знаат дека
се заслужуваат еден со друг и дај боже
цел живот да се заедно
Посетено 2.156 пати