Е сега вака самоизолиран (а) имаш прилика да се видиш себе си до кај си стигнал(а) во животов

На школите и факултетите ставивме клуч катанец. Ја поддржувам одлуката бидејќи имаме многу контакти со ученици или студенти, а богами и тие со нас.

Е сега вака самоизолиран (а) имаш прилика да се видиш себе си до кај си стигнал(а) во животов.

Исто така имаш сто кила време од шифоњерите да ги ивадиш пљачките и ризите сместени во третиот ред и да ги фрлиш оти не се веќе за користење или не дај Боже давање за хуманитарни цели.

Можеш да ги исчистш најскришните ќошиња по дома за кои си немала време (изговор). Ова важи за програмата домаќинство.

После можеш да се изнагледаш пропуштени серии и филмови на кој си им спиел со лиги.

Ете тоа имам да соопштам.

Дана Прелиќ

Посетено 2.328 пати