„Пуши, пуши, пушиме, гајле си немаме…“ мхм, а што е со нас непушачите, што е со децата?

Имаше една песна од Владо Јаневски со тогашната група „Ластовица“ насловена како „Пушење“, и овие денови некако како да е вистинска химна за она што се случува насекаде низ Македонија…

„Пуши, пуши, пушиме, гајле си немаме…“ мхм, а што е со нас непушачите, што е со децата? Вие ако си ја труете душата, си ги засмрдувате алиштата, не значи дека ние сме должни да го трпиме тоа… Постојат надворешни тераси со греалици или пуш-пуш набрзинка. Ова сега е се’ отидено.

Јас бев пушач некои си 10 години и сосема ги разбирам пушачите, но сега откако престанав се’ повеќе ги разбирам непушачите. За 5 минути испушена цигара не вреди да го загрозувате животот на детето и од него да правите пасивен пушач, ниту пак на некој што на добра волја излегол со вас на кафе-дружба.

Како пушач не чувствуваш колку ти бзди облеката на цигари, додека кај непушачите овој мирис е ноќна мора. Цигарите се луксуз, цигарите се задоволство, цигарите не се нужност, цигарите не се потреба. А, секое задоволство, секој лукуз заслужува жртвување. Па, жртвувајте се и пушете вон местата обезбедени за непушачи.

Памтам дека кога стапи на сила законот во 2010, бев некаков си пушач, дете средношлокец и многу се напнав зошто сега мораш надвор да мрзнеш. Каква неправда еј! Сега се смејам и мислам дека е најдобриот закон што е некогаш изгласан во оваа земја.

Памет на дете, што повеќе.

Имајте вие поголем памет од 16-годишно дете кое мисли дека светот е негов и го има на дланка. Имајте поголем памет од оние кои мислат дека пушењето во затворен простор е идила.

Имајте поголем памет од оние кои не мислат за своето здравје, но и за туѓото.

Посетено 1.890 пати