Прелистување

[fblike]detence_majkatiitatkoti
На дното од опојниот мирис на липите, може да се насети свежина на краставица, слично како што под робусниот, остар човек се насетува детенце, а под нечија мазна љубезност – тивок презир. А зад презирот, зад детенцето? Има уште некој, а зад него може и уште некој. Ретко кој ги пробил слоевите од тестото за да дојде до медот. Тој мед секој го има, ама и самиот сопственик ретко се заблажува. Денес да знаеме дека е тука, зашто целата природа ни помага во тоа знаење. Убав ден на сите!
Посетено 387 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!