Понекогаш му завидувам на моево срце што толку лесно простува, а му се лутам на мојот мозок што толку тешко некои работи ги заборава
Понекогаш му завидувам на моево срце што толку лесно простува, а му се лутам на мојот мозок што толку тешко некои работи ги заборава.
Едното со другото не оди. Но, доволно е што разумот ме потсеќа дека на ист камен два пати не се сопнува.
Душата ми е како дворец, и не ми дозволува никому да оставам пред портите, а некогаш толку посакувам да им ја треснам вратата пред нив, да не им текне никогаш повторно да ми се појават пред очите. За среќа, на најупорните тоа им успева… па, по некое времето исчезнуваат.
Си велам, па зарем сум будала? При очи слепа да се правам, при уста збор да не кажам? При памет, разум да изгубам…
А потоа се освестувам како после свежо утринско кафе испиено. Ма каква будала, си велам. Будали се оние кои веруваат дека имаат во нечии животи неистрошлив кредит, дека имаат простор за тони глупости, дека имаат милион шанси. Будали се оние кои навредуваат, кудат, осудуваат. Будали се оние кои ве газат, ви се ситат и ве озборуваат. Будали се тие, а не ние.
Будала си да. Ако сто пати дозволуваш некој да ти згази на жуљ, ако образот постојано го вртиш лево-десно за да примаш удари, ако грбот го излечиш и одново го наместиш за уште сто нови убоди. Ете тогаш добиваш апсолутно признание за БУДАЛА НА ВЕКОТ, не на деценијата. Тоа е мало бебе.
Не дозволувајте да бидете гад што не дава ниту една шанса, што осудува пред да ја дознае вистината, што навредува без да прочита меѓу редови, што се расправа без да дозволи да му се објасни. Не. Послушајте молчејќи, расудете подоцна… но, не предоцна.
©majkatiitatkoti.com Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира