Пеперутки во стомак, ама фалични

„леле ми избегаа пеперутките!!!“
-испаничено вика една девојка што стои до мене на шанк
„какви пеперутки ?“
„оние што живеат во стомак и мафтаат со крилца
кога ќе видат некој што го сакаш“
„да ти ги дадам моите, мене изгледа џабе ми се“
-резигнирано одгаварам
„за колку пари?“
„бесплатно за тебе.. ај ќе идеме кај мене, под кревет ги чувам“
„еве ти пола“- ги извадив од кутијата и и’ ги давам
Нежно ги голтна и после некоја минута ми вика
„еј, знаеш дека ми играат во стомак, можно е тебе да те сакам?“
„чекај “- ја голтнав другата половина- “еј, и мене ми играат
ова значи дека се сакаме?“
„па изгледа да …. и сега што?“
„па и онака сме сами дома, може да се ебеме“
„де бе ама си вулгарен“
„па да водиме љубов, да спиеме заедно, да ….“
„ај доста..ќе идам на козметичар, па во шопинг, па со другарките
на кафе да им се испофалам па после ќе дојдам“
„ама јас оваква те сакам, не ти треба ни козметика ни нова облека
а со другарките после види се“
„што, од одма ќе ми кажуваш што да правам?“
„не ма, само кажав што мислам“
„нема ти што да мислиш…ај чао, се гледаме после“
„е ај чао“
Останав сам, се симнав пред влез, ја отворив устата
и ги пуштив сите пеперутки на слобода
Највероватни се фалични или се расипале
од толку стоење, како и да е
не се овие пепрутки за мене
И да, одма и праќам порака
„извини ми избегаа пеперутките, поише среќа со следниот дечко“

Посетено 5.268 пати