Кога веќе постои смер за келнери во Угостителското училиште, зошто никој не ги учи на основните манири за оваа професија?


Бевме на доцен ручек и првпат во Скопје услугата беше беспрекорна. Виното го налеваа без да го допрат работ од чашата и, што е најважно, ако некој уште јаде не ја тргаа чинијата на другите, како што обично прават, а се смета за чин на некултура во метрополите. (Како се чувствува оној што сЕ уште јаде?) Имаше многу малку, но деликатесни вегетаријански јадења, во хотел Парк.

Одамна се прашувам, кога веќе постои смер за келнери во Угостителското училиште, зошто никој не ги учи на основните манири за оваа професија?

Ај убав нека ви е денот, радоста нека се умножува! Фала ѝ на Вселената што се родени некои луѓе, водоЈлии! Кај една такава седам сега… Љубезно ми принесува гибаница и салата, раскажувајќи ми ги најинтересните прикаски од својот живот.

Светле Камџијаш

Посетено 785 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!