Она 102 % жена, јас 100% глуп и искрен

595х90 px-01

Philippines Imelda Shoes[fblike]
„стварно нема смисла што ме бркаш од дома“
-тажно и’ викам на жена ми
„ти си крив“
„јас?..е што сум направил ?“
„не идеш на шопинг со мене“
„знаеш дека имам само еден пар патики
и морам да пазам како ги трошам
а и што врска има тоа?“
„е па пошто идам сама не можам да се одлучам
кои кондури да ги купам и наместо сo 1 пар
се враќам со 20..и сега станот ми е полн со кондури,
нема место за тебе“
„па ај тие што не ги носиш да ги дадеме во Црвен Крст
и ќе има место за мене“
„не може, сите ги носам“
„е како не, ако можам да приметам не си 100 нога
па сите да ги носиш!“
„не ме вреќај, немам 100 имам точно 633 пара“
„добро еве дај ќе чувам 10-тина пара кај мене
во стомак и така ќе се ослободи место,
башка што ќе бидам стално сит и со тие пари
наместо храна ќе купуваш кондури“
Како само и’ светнаа очињата, ме пољуби и се сложи
со мојот предлог
После неколку дена ме буди и ми вика
„ај зини, каснам за на работа“
Отварам уста она ми буричка нешто низ стомак
и наеднаш збеснува
„кај ми се оние кондурите што ги купив прошлата среда
во 3:55 горна полица -лево во Офис Шуз?“
„од кај знам?“
„па во стомак ти беа“
Наеднаш се освестувам, како да и’ кажам, ќе ме убие?!
И стварно после ме уби, со штикли ме бодеше до смрт
откако јас глуп само искрено и’ кажав:
„извини ама вчера многу текили испив ,
ми се слоши и така…дури кога пуштив вода
укапирав дека сум ги повратил ама
касно беше “
Требаше да излажам и да кажам
дека сум и’ ги дал на швалерка,
полесно ќе поминев, жими се’
Ама бидна, сега нека ми е РИП будало
Посетено 2.839 пати