Од маглава, секоја кафана иста ми стана! А, јас една обожавателка на кафани…

Вечер сум на Предновогодишна прослава со колегите, па се думам дали ќе ја погодам кафаната, пошто од маглава секоја кафана иста ми стана…

Не дека сум некој љубител на кафани и ресторани, ама со маглава уште пострашно! Да не улетам негде на некое друго место… не за друго, кој ќе се гуши на лепом вазудуху поново… а, и да ме гледаат уфрцкана, средена до БОЛ. Со шљокица, штикла на платформа и висока потпетица, ултра црвен кармин. Боже ме сачувај.

Па, си велам. Дај да не се средувам до толку… ако утнам, како ли ќе се вратам? Па, ни колегите роџени нема да ме препознаат, само ќе ме одминат. Не е убаво човек да прави толку големи промени на себе. Не за друго, од утре пак ќе сум иста. „Гикчето“ со цвикера и џиновски слушалки на глава. Нит сум гикче, нит сум бубалче, ама останало од времето да се лепат етикети.

Па чуму се замарам… некои тикети ќе пуштаат на бензинска, та јас за една кафана ќе се секирам. Ееее… бар нема да ме буљаат кога ќе се симнувам од такси, нема да ме загледуваат овие што ќе пушат надвор да расчитат плуќа ко демек… па, па…

Па си мислам, абе овие со швалери и швалерки, најлесно им е. Кој ќе ги познае по тоа маглиштата, пардон смоговите, по ново? Ама баш никој. Инкогнито партиии!!

Топз, вечерас магла на вилико, јас у нормално издање без изглед на бугарска певаљка од 2000 или српска од 1990. Без тормозење, без болки во нозете, без грижа за фризура, фустан тесен што се крева и спушта… ма, милина.

Што би рекол другар ми Пиже: У магла се родивме, израснавме и живееме. У магла и ќе си умреме. Ами т’каа..

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 496 пати