Ние не сме слабаци, ние сме сосема обични супер-херои

Кога душата ти вене и срцето те пецка, ти доволно биди јак и смешкај се.
Кога примаш ниски удари, ти гледај ја личноста право во очи и прави се дека ништо не било и ништо не те боли.

Кога се гушиш и дланките ти се потат, ти сврти се и кажи: Жешко ми е.
Кога надоаѓа гужва, а тебе ужасно ти е „стало“ до шопинг, ти занемари ги и стисни заби.
Кога имаш историја на колабирања, а ужасно ти се оди на концерти, ти не дозволувај да бидеш парти-брејкер. Па, еднаш се живее.

Ако и ти имаш анксиозност и историја на панични напади, и поголеми и помали стравови, дигни рака. Затоа што ти не си слабак, ти си херој.

Колку пати, ти се пронајде? Колку пати се присети на непријатни искуства? Колку пати испадна повреден, а не дозволи никој да дознае? Колку лузни носиш, а никој не ги приметува?

Колку пати изминати случки те удираат ноќе? Колку пати сонуваш? Колку пати ја собра нервозата во себе?

Колку пати експлодираш за глупости, а вистинските проблеми не ги перцепираш?

Колку пати се обиде да си совршен, а не успеа? Колку пати си кажуваш себеси дека си невреден и немаш самодоверба? Колку пати преќуте милион работи со намсевка на лицето? Колку пати ги гушна оние кои те повредиле, без да им кажеш колку душата те боли.

Колку пати срцето ти беше скршено од луѓето што ги сакаш и само си велиш: Тој/таа не мислеше така…

Да, драги мои… Ние не сме кукавици, ние не сме идиоти, ние не сме слабаци, ние не сме коркачи…. Ние сме сосема обични супер-херои….

Посетено 230 пати