Најдобрите моменти се случуваат кога забораваш дека Фејсбукот воопшто постои!

Најубавите моменти ги доживуваш на клупата во паркот пред да се разделиш од саканиот. Најемотивните моменти ги доживуваш кога треба да се сретнете после долго време поминато од последната средба.

Најдобрите моменти се случуваат кога забораваш да се чекираш, забораваш да се селфираш и забораваш дека Фејсбукот воопшто постои!

Не мора да се возиш во БМВ или АУДИ за да се осетиш моќно, не мораш да ги сликнеш ноктите на воланот од шутракот чие име не сакаш ниту во сон да му го спомнеш. Не мораш бидејќи материјалниот свет е лага!

Шутракот ќе остане шутрак, фејсбукот ќе престане да постои, ќе заборават кај си јадела и пиела, кај си скитала… али како и увек овцата како тебе секогаш ќе остане овца!

Поздрав до девојките за кои една прегратка и сладок бакнеж е доволен за да си ја поминат ноќта незаборавно 

И поздрав до машките кои се трудат едноставноста да ја претворат во совршенство.

Посетено 486 пати