Може ние ќе излеземе од „селото“, ама тоа од нас никогаш!

Најнапред да ви кажам дека не се работи за село како рурална средина, туку повеќе како метафорична форма… Немам апсолутно ништо против луѓето кои живеат во таквите средини, напротив ги поштувам јер да не се они нема од каде да јадеме свеж зеленчук и овошје… Ама сега тоа е друга тема…

Да се осврнам на метафорава…

Идееемо…

Вчера  ЈСП изјави дека кучињата-придружници се дозволени „патници“. И тука настана вистински хаос, па се изначитав секакви бљувотини од коментари. Де ќе смрдело, де економијата била катастрофа, де невработени, де дошол животот, де ова-де она… Оф бе. Ќе се опаметиме ли ние некогаш? Саглам? Не верујем.

Каква врска има економијата со сето тоа? Никаква. Животот треба да е дојден само за работноспособните, ама не и за оние со било какви нарушувања или потреби. Не… Тие не треба да излезат од дома, според Македончето.

Да не го „тупам“… Да погледнеме само три коментара, ТРИ:

Еден дури и срценце има… За милина… Демек ептен некого го „скокоткало“. Ама ајде да ги разгледаме сите по ред.

Коментар бр. 1 – Како прво и основно, кај нас се прекршија од возење во ЈСП, па сега ќе дигаме паника и џева. Во време на најголемите загадувања, кога бевме во првите топ 3 најзагадени градови во светот, луѓето шибаа со по еден во кола. Ма какви парни-непарни, ма какви бесплатни превози… Бесплатно ко и увек идеа пензионерите. Среќни што и среда можат да идат до Благодарево по кромид, а не само во вторник и петок.

Коментар бр 2: Многу срцкаст коментар, нема што. Ги погоди сите теми, освен најглавното. Здравството. Па, да… За тоа и овие луѓе имаат потреба од кучиња-помошници. Самото име кажува. Без нив овие луѓе тешко би се движеле… А најтивок убиец е самотијата. Овие луѓе заслужуваат да се меѓу другите.

Трет и најјак коментар: Покрај пијаните и напушените со цигари во 8:00 сабајле. Одвратно е. Покрај сиот кромид, лук, испотени мишки и неиспрана облека со месеци (Ако сте поминале покрај бездомник, сигурно го знаете мирисот) или пак облека што не сте го носеле сто години… Мирисот на кучешка муцка воопшто нема да ми смета…

Одвратни се коментарите. Сакаме напред. Каде напред? Во Недојдија? Во пра-историја? Каде напред? Јас гледам само назад…

П.с. Нашите иселеници не смеат да писнат во европските метрополи. Се тресат отпушокот да го испуштат од рака да не платат дебела казна, а тука ќе продаваат лекции за етика и морал. За тоа како треба и не треба. Пу ј’зк.

П.п.с. Не идеме другари ние за Европа сигурно со вакво дебилно понашање и ниски коментари. Не ги сакате животните, си ги „газите“ сограѓаните, ги пријавувате комшиите за глупости, тужакате и по телевизии… Ве боли зошто некој има повеќе, а на оној што има помалку – му се ситите.

Т.е. не. Ќе влеземе ама селото во нашите глави тешко да ќе излезе.

Сите што се вистински граѓани ги поздравувам, иако малку се. Повеќето се иселија. Јас нема… Свесна сум дека никаде нема да биде како родната земја… А, и семејството е таму. Семејството е светост. Патем, нека е среќен интернационалниот ден на семејството!

Посетено 540 пати